Линкови за пристапност

Ненси Реган и Алцхајмеровата болест - 2004-06-10


Во писмото до нацијата во ноември 1994 година, поранешниот претседател Роналд Реган изрази надеж дека обелоденувањето дека боледува од Алцхајмерова болест ќе придонесе за поголеми сознанија за болеста. Тој кажа дека би сакал да ја поштеди неговата сопруга од непријатно искуство, но оти се надева дека таа ќе се соочи со тоа со „верба и храброст“.

Десет години подоцна, многумина се согласуваат дека таа токму тоа и го сторила. Кетлин О`Брајан, потпретседател на Асоцијацијата за Алцхајмерова болест вели дека Ненси Реган претставува модел за сите оние што се грижат за пациентите кои боледуваат од Алцхајмеровата болест во светот.

„Мислам дека сите ние ја почитуваме нејзината цврстина, нејзината храброст и нејзината способност да биде покрај нејзиниот сопруг во многу тешки времиња“, вели госпоѓа О'Брајан.

Тоа било време на исцрпеност и фрустрираност. Вака г-ѓа Реган тоа го опиша пред неколку години: „Како многу други семејства и ние бевме запознати со големата болка и осаменост која мора да се издржи сосека секој секој нов ден е уште едно потсетување на ова многу долго збогување“.

Алцјахмеровата болест постепено го уништува сеќавањето на пациентот, и неговата способност да размислува, коминицира и да ги извршува секојдневните активности. Од оваа болест боледуваат околу 4,5 милиони Американци, но бројот на оние кои страдаат е уште поголем, имајќи ги предвид членовите на семејствата, кои пациентите во подоцнежните фази на болеста дури не ги ни препознаваат.

Минатиот месец, Ненси Реган пред присутните на еден настан за собирање финансиски средства за истражување на клетките за поттикнување на развојот, рече дека нејзиниот сопруг се наоѓа на некое оддалечено место каде таа веќе не може да воспостави контакт со него. Но таа додаде дека е решена да стори се што може да ги спаси другите семејства од болката која таа страдала.

Оваа активност опфаќа и лобирање во Конгресот за усвојување на легислатива за проширување на истражувањата на клетките што поттикуваат развој.

Клетките што поттикуваат развој се недоразвиени келетки кои може да се развијат во секој друг вид клетки. Некои научници бараат повеќе финансиски средства од владата за истражување на клетките за развој од човечки ембриони, што би помогнало да се најде начин за обнова на уништени ткива, со идеја дека овие истражувања еден ден би можеле да доведат до лекување на болести како што е Алцхајмеровата. Противниците на овие истражувања веруваат дека земањето клетки за развој од човечки ембриони значи уништување човечки живот.

Во 2001 година, претседателот Буш ги ограничи истражувањата финансирани од владата на околу 60 постоечки проекти, и забрани нови финансиски средства за нови истражувања. Тој рече дека истражувањата на клетките за развој од ембрионите даваат надеж но и креираат големи опасности.

„Напоредно со вложувањето на огромна енергија во победувањето на болести, од иста важност е и посветувањето на внимание на етичките прашања што ги покренуваат новите граници на истражувањата на клетките за развој од човечките ембриони. Дури и најблагородните цели не ги оправдуваат сите начини да се дојде до нив“, кажа господинот Буш.

Кетлин О`Брајан од Асоцијацијата за Алцхајмерова болест вели дека до сега, напорите на Ненси Реган направиле многу.

„Тоа придонесе за зголемување на интересот за истражувањата на клетките за развој и се чини дека ќе има извесни промени во политиката по ова прашање“, вели таа.

Блиски пријатели на поранешната прва дама на САД се согласуваат дека Ненси Реган ќе ја продолжи својата битка против Алцхајмеровата болест, дури можеби и поактивно од претходно. Весникот Њујорк Тајмс цитира близок пријател, кој вели дека кога г-ѓа Реган ќе го преброди овој емотивен период, таа уште пожестоко ќе се залага за истражувањата на клетките за развој, во надеж дека ќе се најде лек за оваа болест.

XS
SM
MD
LG