Линкови за пристапност

Ставовите на секретарот Рамсфелд за тероризмот - 2004-06-08


Постигнати се многу успеси во војната против меѓународниот тероризам откако САД беа нападнати на 11 септември 2001. Но, американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд вели дека и покрај овие успеси, светот е сепак поблиску до почетокот на оваа борба отколку до нејзиниот крај“.

„Денеска цивилизираните општества имаат непријатели какви што порано не ни беа познати. Тие не бараат примирје, немаат територија да ја бранат, немаат пред која јавност да одговараат. Тие ни се закануваат преку таинствени мрежи што не е лесно да се искоренат. Тие се во моќна предност: терористот треба да биде успешен само повремено, а ние како бранители постојано треба да бидеме успешни“, вели г-динот Рамсфелд.

Невозможно е, вели господинот Рамсфелд, цело време да се браните од потенцијални терористички напади:

„Единствен начин да се победи во оваа борба е да се искоренат терористите пред да развијат уште помоќни средства за да предизвикуваат штета врз се́ поголем број на недолжни луѓе“, рече тој.

Едно од најзначајните достигнувања е соборувањето на режимот на Садам Хусеин во Ирак, кој ги поддржуваше терористите. И покрај тоа, по ослободувањето, Ирак стана легло на домашни и странски терористи. Господинот Рамсфелд вели дека терористите настојуваат да го оневозможат ирачкиот народ да воспостави самоуправа.

„Екстремистите знаат дека подемот на слободен, Ирак со самостојна влада, кој е во мир со своите соседи, во кој се почитуваат сите религии и во кој постои заложба за репрезентативна влада, одлучно би се справил со нив. Тие стравуваат дека еден ден Блискиот Исток ќе може да се ослободи од тиранијата и насилството и да се создаде нова иднина во која тие нема да бидат вклучени“, вели тој.

Нападот врз слободата во Ирак, вели секретарот за одбрана Рамсфелд, покажува зошто војната против тероризмот е “важна за сите цивилизирани општества“. Успехот во оваа војна, вели тој, “зависи од охрабрувањето на пријателите и сојузниците, со кои сме толку во меѓусебна зависност, да не бидат тероризирани од закани и изолирани заради стравови“.

XS
SM
MD
LG