Линкови за пристапност

Михаил Горбачов: „Роналд Реган беше извонреден претседател, со кого раководството на Советскиот сојуз успеа да започне еден тежок, но важен дијалог“  - 2004-06-07


На Роналд Реган денес се сеќаваме по неговата цврста политика против Советскиот сојуз, кого тој го нарекуваше „зла империја’.

Сепак, и покрај тоа, тој воспостави блиски односи со поранешнито советски лидер Михаил Горбачов, кој ја презеде власта непосредно по започнувањето на вториот претседателски мандат на г-динот Реган во 1985 година.

Заедно, двајцата лидери поттикнаа дијалог кој ја промени светската историја.

Поранешниот советски лидер, во интервју за московското радио Ехо му оддаде признание на г-динот Реган.

„Роналд Реган беше извонреден претседател, со кого раководството на Советскиот сојуз успеа да започне еден тежок, но важен дијалог“, вели Горбачов.

Тој кажа дека и покрај тогашните несогласувањата меѓу двете земји, г-динот Реган бил државник кој покажал визија и решеност за дијалог со Советскиот сојуз. Како резултат на тоа, вели г-динот Горбачов двете земји започнале со намалување на залихите на нуклеарно оружје, запирање на трката во нуклеарно вооружување и нормализација на односите.

Поранешниот советски лидер вели дека г-динот Реган бил подготвен да презема големи чекори, нешто што некој друг американски претседател можеби не би го сторил во тоа време.

На обајцата лидери им се припишува заслугата за започнување на процесот, кој на крајот доведе до пад на Берлинскиот ѕид и колапс на советскиот комунизам.

XS
SM
MD
LG