Линкови за пристапност

Меморијален ден - 2004-05-31


Денес во САД се одбележува Меморијалниот ден – ден кога Американците се сеќаваат на нивните сонародници кои ги дале своите животи за слободата. Уште од 1775 година, Американците се бореле против непријателите на слободата на многу места – од калливите полиња во Франција до замрзнатите планини во Кореја. Претседателот Џорџ Буш вели дека американската заложба се уште се става на испит:

„Две години откако го ослободивме Авганистан, нашите трупи и натаму се во опасност. Нашата коалиција врши агресивни акции за да ги искорени преживеаните членови на Талебан и ал-Каида. Новата авганистанска армија придонесува за стабилноста на оваа земја. Авганистан и натаму се соочува со предизвици, но таа земја е многу далеку од кошмарите под Талебан“, истакна американскиот претседател.

По повеќе од една година откако коалицијата предводена од САД го собори Садам Хусеин од власт, Американците и натаму се на служба во Ирак. Претседателот Буш вели дека терористите се обидуваат да го запрат пројавувањето на демократијата.

„Овие елементи на репресивниот режим на Садам и неговата тајна полиција се реорганизираат, повторно се вооружуваат и прифаќаат софистицирани терористички тактики... Тие се надеваат дека Американците, нашата коалиција и Ирачаните ќе го изгубат трпението пред настапувањето на ефективна самоуправа и пред Ирачаните да бидат способни сами да ја бранат својата слобода“, рече претседателот Буш.

Низ историјата, Американците истрајувале. Пред 60 години, стотици илјади Американци, заедно со војници од Британија и многу други земји, се подготвуваа за една од најтешките и најопасните воени операции во историјата. На 6 јуни, 1944 година, започна истоварувањето на сојузниците во Франција што тогаш беше окупирана од нацистичка Германија. Втората Светска војна заврши во 1945 година со целосен пораз на нацистичка Германија и нејзините партнери, фашистичка Италија и империјалистичката Јапонија.

Денеска, САД и нивните сојузници се соочуваат со нова закана. Претседателот Буш вели, “нашите терористички непријатели имаат визија што ги води и го објаснува нивните менливи чинови на убивање. Тие сакаат да воведат власт слична на Талебан во земјите на Блискиот Исток.“ Американците, нивните пријатели и сојузници, вели господинот Буш, “ќе истрајат, ќе го поразат непријателот и ќе ја сочуваат оваа тешко извојувана територија за царството слободата“.

XS
SM
MD
LG