Линкови за пристапност

Претседателот Буш им оддаде почит на сите загинати американски војници - 2004-05-31


Претседателот говореше на церемонијата на националните гробишта во Арлингтон, што воедно се и најголемите армиски гробишта во САД.

„Ги примаме во жалост, и ги ставаме да почиваат на почесно место“, рече тој.

Гледајќи во бескрајните редици бели надгробни паметници на паднати американски војници, американскиот претседател се осврна на прерано загубените животи, но и на, како што кажа, сеќавањата што никогаш нема да избледат.

„Паметниците на овие ридови го носат споменот на преку 280 илјади мажи и жени во униформа. Секој од нив бил или се́ уште е најважна линост во нечиј живот“додаде тој.

Претседателот ги одбележа воените жртви низ американската историја со посебен акцент на недоамнешните во Ирак и Авганистан, како и оние од постарите генерации за време на Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG