Линкови за пристапност

Заврши првиот судски процес за малтретирањето на ирачките затвореници - 2004-05-25


Специјалистот Џереми Сивитц, припадник на американската воена полиција се изјасни за виновен по четири основи за малтретирање на ирачки затвореници во затворот Абу Граиб во околината на Багдад. Дваесет и четири годишниот војник призна дека ги фотографирал ирачките затвореници кои биле понижувани и малтретирани. Американскиот воен суд го осуди специјалистот Сивитц на една година затвор, деградирање и отпуштање од армијата поради лошо однесување.

„Научив голема лекција“, изјави Сивитц. „Не можете да дозволите луѓето да малтретират други луѓе, како што се случи“. И други војници се соочуваат со обвиненија и во тек се неколку истраги. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд вели: „Оние кои биле вмешани, ќе одговараат“.

„САД му покажаа на светот што се случува кога работите ќе тргнат во погрешна насока во услови на демократија. Светот ги виде тие срамни фотографии, но истиот тој свет гледа како американската влада ја преземе одговорноста и им се извини на поединците на кои им беше нанесена неправда“, рече тој.

Американската армија беше таа која прва ги обелодени злоупотребите што се случиле во Абу Граиб. Во јануари била започната истрага, кога еден американски војник пријавил некои од малтретирањата во затворот на неговиот надреден офицер.

Оттогаш, високите американски воени и цивилни лидери беа повикани да сведочат пред членовите на американскиот Конгрес во врска со она што е откриено и што е сторено. Г-динот Рамсфелд вели дека светот „бил сведок како слободните медиуми објавувале написи“ за истрагата.

„Ирак и светот ќе видат дека во нашата земја, никој не е над законот, дека ние сме земја во која владеат законите... Ова е важни лекции, кои ние сигурно не сакавме да ги научиме на ваков начин“, додаде тој.

Секретарот за одбрана Рамсфелд рече „Светот ќе види како Американците не толерираат нечесно однесување“.

XS
SM
MD
LG