Линкови за пристапност

Претседателот Буш вели дека има јасна стратегија за иднината на Ирак - 2004-05-25


„Терористите нема да решаваат за судбината на Ирак“, рече претседателот Џорџ Буш, говорејќи во Американскиот воен армиски колеџ во федералната држава Пенсилванија. „Но, задачата на Америка во Ирак не е да се победи непријателот туку да се помогне на пријателот, да создаде слободна, репрезентативна влада која ќе му служи на народот и ќе се бори за неговите интереси. Колку поскоро таа цел ќе биде исполнета, толку побрзо нашата работа ќе биде завршена“, рече претседателот Буш, обидувајќи се да одговори на сите оние кои го поставуваа прашањето за висијата и насоката во која се движат работите во Ирак.

Тој зборуваше за петстепена стратегија за воспоставување демократија во Ирак, почнувајќи со задржување на датумот 30 јуни за предавање на суверенитетот на привремената ирачка влада. Помагањето да се постигне стабилност би бил првиот чекор, а потоа следи: продолжување на изградбата на инфраструктурата, обезбедување дополнителна меѓународна поддршка за транзиција во Ирак и конечно-слободни национални избори кои би се одржале, како што рече американскиот претседател, не подоцна од јануари 2005 година.

Ова е време на најнизок рејтинг на господинот Буш во досегашното претседателствување. Педесет и осум проценти од Американците не се согласуваат со начинот на кој тој се справува со ситуацијата во Ирак. Демократите се особено жестоки во критиките, велејчи дека и од овој негов говор не чуле ништо ново.

XS
SM
MD
LG