Линкови за пристапност

Потребна е воздржаност во Газа - 2004-05-21


Израелската воена опреација во Јужна Газа резултираше со демолирање на десетици палестински куќи во бегалскиот камп Рафах. Израелските официјални претставници изјавија дека целта на таа операција била откривање и уништување на тунелите што се користат за шверц на оружје, за откривање и конфискување на арсенали со оружје, како и потрага за апсење на поединци кои се вмешани во нападите врз Израелци.

Од почетокот на операцијата загинаа десетици Палестинци, а многу се раселени. Претставници на израелската армија соопштија дека во инцидентот на 19 мај кога хеликоптер и тенк пукале во демонстранти, загинале осум Палестинци, меѓу кои имало и деца. Израел објави соопштение во кое се изразува длабоко жалење за , како што се нарекува, “трагичниот настан“.

Во соопштението од Белата куќа се вели дека САД сметаат оти “Израел има право да се брани и да ги брани своите граѓани, но изралеската операција во Газа во последните неколку дена не служи на целите за мир и безбедност“ . Претседателот Џорџ Буш кажа дека ќе продолжи да бара воздржување“.

„Од суштинско значење е луѓето да ги почитуваат животите на недолжните со цел да се постигне мир. И натаму ќе говорам за потребата сите страни да ги почитуваат животите на недолжните на Блискиот Исток“, рече тој.

Настаните во Газа ја покажуваат мудроста на израелскиот план за повлекување од Газа и замена на израелската армија со палестински безбедносни сили. Но за да функционира тоа, тие сили ќе мораат да го запрат шверцот со оружје и тероризмот. Како што се наведува во мапата кон мирот што ја предложи претседателот Буш, палестинската управа мора да “објави јасен крај на насилството и тероризмот и да преземе видливи напори на теренот за апсење и спречување на поединците и групите кои извршуваат и планираат насилни акти против Израелците.“

Во меѓувреме, во соопштението на Белата куќа се вели дека САД “веднаш ќе се консултираат со релевантните страни, а тоа се Израел, Палестинците и Египет за ефикасни начини за напредок против шверцот на оружје во Газа“.

XS
SM
MD
LG