Линкови за пристапност

„Моите односи со администрацијата под американско раководство во Багдад се непостоечки“, рече вишиот член на Ирачкиот владејачки совет Ахмед Чалаби  - 2004-05-20


Новинарите и љубопитните набљудувачи вчера наутро гледаа од далечина како американските сили и неколку армиски возила Хамви направија кордон на улиците што водат до куќата на Ахмед Чалаби во угледната населба Мансур во Багдад.

Неколку сведоци велат дека виделе ирачки полицајци и неколку вооружени цивили – западњаци како изнесуваат кутии од куќата и како заминале со нив.

Членот на Владејачкиот совет подоцна за новинарите изјави дека во кутиите имало документи, досиеја, компјутери и други предмети што ги запленила ирачката полиција и Американците во вчерашните упади.

„Мојата куќа беше нападната во 11 часот од страна на ирачка полиција и американска воена полиција. За влакно беше избегнат судир со моите стражари. Јас ја отворив вратата. Полицијата влезе внатре со пиштоли“, истакна господинот Чалаби.

Ахмед Чалаби е шиитски муслимански лидер на некогашната опозициона група во егзил, Ирачки национален конгрес, што до неодамна им помагаше на претставници на коалицијата да го уредат повоениот Ирак. Господинот Чалаби е поранешен миленик на некои претставници на Пентагон, но сега веќе не е во милоста на Вашингтон.

Со глас полн со лутина, господинот Чалаби го обвини раководителот на коалиционата провизорна влада под американско раководство, Пол Бремер, за поддршка на поранешни членови на партијата Баат на Садам Хусеин за кои господинот Чалаби тврди дека ги нарачале упадите. Тој вели дека господинот Бремер и другите претставници на провизорната управа им дозволуваат на Баатистите да целат на него бидејќи господинот Чалаби неодамна ја критикувал улогата и стратегијата на САД во Ирак.

„Јас сега се залагам за политика за ослободување на ирачкиот народ, да добие полн суверенитет. Јас случајот го водам на начин што не им се допаѓа. Јас го поставив прашањето за улогата на Брахими. Ним тоа не им се допаѓа. Јас отворив истрага за програмата „Нафта за храна“, која овде создава сомнеж за интегритетот на ОН. Ним тоа не им се допаѓа“, вели Чалаби.

Во неодамнешно интервју за американска телевизиска мрежа, господинот Чалаби го критикуваше пратеникот на ОН во Ирак, Лакдар Брахими, кој сега им помага на САД во составувањето на привремената влада што ќа ја преземе власта на 30 јуни.

Господинот Брахими верува дека на Ирачкиот владејачки совет му недостига кредибилитет кај обичниот народ и дека сегашните членови не треба да влезат во новата влада. Господинот Чалаби се противи на таквата идека и вели дека преодната влада треба да биде проширена верзија на Владејачкиот совет.

Господинот Чалаби исто така неодамна се жалеше на американските планови за задржување контрола врз ирачките безбедносни сили по предавањето на власта во јуни.

За возврат, некои американски официјални лица приватно го обвинуваат господинот Чалаби за мешање во истрагата за наводната корумпираност на програмата на ОН нафта за храна, со која на Садам Хусеин му беше дозволено да продава нафта за да купи храна и куманитарни резерви под стриктни санкции.

Што и да е причината за вчерашните упади, портпаролот на коалицијата Ден Сенор вели дека ирачкиот администратор Пол Бремер дал одобрение тоа да се изврши само откако добил специфично барање од ирачки судија.

„Амбасадорот Бремер има авторитет да го уптаи секој централен кривичен случај во надлежност на централниот кривичен суд, какви што досега имало стотици. Секој од нив бил инициран од Ирачани и го воделе Ирачани. Постоела целосна истрага и дури потоа амбасадорот Бремер, како процедурално прашање, го упатува случајот на судот. Резултатот од денешниот случај е во согласност со таквата процедура“, вели господинот Сенор.

Во вторникот, Пентагон објави дека прекинал да да плаќа месечна стипендија од 340 илјади долари на Ирачкиот национален конгрес. Парите, што биле исплаќани преку една деценија, биле делумно за компензирање на оваа организација на господинот Чалаби за разузнавачките информации што таа ги давала во врска со наводното оружје за масовно уништување на Садам Хусеин. Но, претставници на Пентагон велат дека одлуката за прекин на финансирањето е донесена бидејќи на Ирачкиот национален конгрес повеќе не му е потребна американска финансиска помош.

XS
SM
MD
LG