Линкови за пристапност

најнови вести 5-19-04 - 2004-05-19


Ирак – злоупотреба на затвореници

Воениот суд осуди еден американски војник на максимална казна на првото судење на војниците обвинети за малтретирање на ирачките затвореници во затворот Абу Граиб во Багдад.

Специјалецот на американската армија Џереми Сивиц е осуден на една година затвор, oдземање на чинот и отпуштање заради лошо постапување, откако кажал дека се смета за виновен по обвиненијата за малтретирање. Дваесет и четиригодишниот војник се расплакал кога се извинувал на ирачкиот народ и малтретираните затвореници. Сивиц призна дека фотографирал голи ирачки затвореници кои сексуално биле понижувани во затворот. Се очекува тој да сведочи на следните судења на уште шетмина војници против кои има поднесено обвиненија.

Комисија за 9-11

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани ги пофали напорите за спасување по терористичките напади од 11 септември, но кажа дека биле направени страшни грешки.

Зборувајќи пред комисијата што ги испитува нападите, господинот Џулијани кажа дека нивната истрага треба да се фокусира на идни напади, а не на обвинување. Тој опиша како тој и други високи градски претставници реагирале откако два киднапирани авиони удриле во кулите близначки на градскиот Светски Трговски Центар. Пред истата комисија ќе сведочат и наследникот на Џулијани, Мајкл Блумберг и американскиот секретар за домашна безбедност Том Риџ. Вчера комисијата кажа дека недостаток на комуникација ги попречила спасувачките напори.

Индија

Поранешниот министер за финансии Манмоан Синг соопшти дека индискиот претседател Абдул Калам му дал мандат да состави нова влада, со што се отвора патот да стане нов премиер.

Господинот Синг го изјави ова вечерва по средбата со претседателот во неговата палата во Њу Делхи. Ова уследи откако лидерот на партијата, вдовицата на поранешниот премиер Раџив Ганди, Соња Ганди, одби да ја промени одлуката да не го прифати премиерското место. Таа сепак издаде соопштение дека останува на функцијата претседател на партијата.

Пакистан – уапсени милитанти

Пакистанската полиција уапсила исламски милитант кој бил баран заради наводна вмешаност во неуспешен обид за атентат врз претседателот Первез Мушараф пред две години.

Полицијата вели дека осомничениот Камран Атиф бил уапсен денеска во јужниот пристанишен град Карачи откако бил ранет во престрелка со полицијата. Една жена која случајно се нашла на местото притоа била убиена. Господинот Атиф е член на забранетата група Исламски Харкат-ул-Муџахедин ал-Алми. Во меѓувреме во северозападниот град Пешавар пакистанските безбедносни сили уапсиле четворица странци за кои постои сомневање дека се членови на терористичката мрежа ал-Каида. Официјалните лица не кажаа дали лицата планирале терористички напади.

Инспекција на затворите во Авганистан

Командантот на американските сили во Авганистан нареди детална инспекција на сите затвори во земјата.

Портпаролот на американската армија на новинарите во Кабул денеска им изјавил дека генерал-полковникот Дејвид Барно ќе назначи генерал од меѓународните сили за да ги испита 20-те американски затворски центри. Портпаролот кажа дека генералот ќе ги испрати заклучоците и препораките до америкаснкиот командант до средината на јуни. Оваа инспекција уследува по обвинувањата за малтретирање на затвореници во затворите под американска управа во Авганистан.

Британски парламент

Британскиот Долен дом на кратко ја прекина денешната седница и членовите биле евакуирани кога предмет што содржел прав во виолетова боја бил фрлен од галеријата за јавност и го погодил премиерот Тони Блер.

Сведоците велат дека убаво облечен млад човек го фрлил предметот кон господинот Блер од галеријата што е резервирана за почесни гости. Официјални лица велат дека господинот Блер не бил повреден и подоцна потврдил дека супстанцијата била безопасна. Властите уапсиле две лица од галеријата. Група која себе си се нарекува Татковци за правда ја презеде одговорноста за случајот.

Косово

Претставниците на ОН на Косово вратиле на функции во силите на цивилната одбрана 12-мина етнички албански герилци.

Администрацијата на ОН на Косово ги суспендираше од Косовскиот заштитен корпус во декември под сомневање за нелегални активности. Но потоа властите не можеа тоа да го докажат. Инаку, Косовскиот заштитен корпус беше формиран по конфликтот во оваа српска провинција во 90-те за да се справува со природни и други катастрофи. Повеќето од неговите припадници претходно беа борци на герилското движење, Косовската ослободителна армија.

XS
SM
MD
LG