Линкови за пристапност

Духот на Америка - 2004-05-17


Претседателот Џорџ В. Буш вели дека одговорните за малтретирањето во затворот Абу Граиб во Ирак ќе бидат изведени пред правдата. Таквите постапки се за осуда и тие не ја претставуваат Америка":

"Многу е важно народот на Блискиот Исток да свати дека трупите што ние ги имаме во странство се чесни, почитувани граѓани кои ја сакаат слободата и мирот, кои секој ден работат во ирак да ги подобрат животите на ирачките граѓани, и дека акциите на неколкумина не ја одразуваат природата на мажите и жените кои и служат на нашата држава“.

Повеќе од 130 илјади Американци служат во ирак. Тие ја вршат работата за која се испратени во ирак, обнова на граѓанското општество, изградба на болници и училишта и обезбедување на други основни дејности.

Американскиот народ исто така помага, преку преку приватни, непрофитни, добротворни организации како што е Духот на Америка. Формирана во 2003 од бизнисменот Џим Хејк, Духот на Америка им помага на Американците во униформи кои служат во странство да ги унапредат животите на луѓето кои имаат потреба од тоа. Хејк бил инспириран од работата на наредникот Џеј Смит од американските специјални сили.

Додека служел во Авганистан, наредникот Смит и неговите соборци изградиле училишна зграда за оддалеченото село Оргун. Тие им помогнале на децата од селото да направат екипа за безбол, со спортска опрема испратена од сопругите и семејствата на американските војници. Жителите на ова авганистанско село ја покажале својата благодарност кога терористи на ал-Каида започнале да ги ракетираат Американците. Селаните создале патроли кои внимавале на потенцијални напади и помогнале тие да се запрат. "Работите што ние ги направивме да им помогнеме на жителите на Оргун буквално спасија животи. " кажа наредникот Смит. "Нивни и наши."

Донациите на Духот на Америка овозможи американскиот армиски капетан Кевин Карседен да обезбеди музички инструменти за децата од ирачко-курдските села Бјара и Кмормаи. Тие овозможија децата од ал-Хила, во јужен Ирак да добијат прибори за хигиена на забите. Американските Маринци им помагаат на Ирачаните во провинцијата Ал Анбар да екипираат седум телевизиски станици кои служат на градови како Фалуџа и Рамади. Американците го поддржаа барањето на Маринците со испраќање на повеќе од еден милион и 500 илјади долари вредна дигитална опрема со највисок квалитет. "Основно е "кажа еден Маринец, "што ирачкиот народ ја сфаќа нашата искрена желба да му помогнеме повторно да ја изгради земјата и да го постави темелот на цврсто, слободно и демократско општество."

XS
SM
MD
LG