Линкови за пристапност

Арапските аналитичари за ситуацијата по убиството на Изидин Салим - 2004-05-17


Вестите за убиството на првиот човек на Ирачкиот владеачки совет назначен од САД го предизвикуваат реакции во арапскиот свет.

На атентатот на Изидин Салим се гледа од многу различни перспективи во Арапскиот свет.

Стручњакот за јавно мислење и египетски колумнист Саид Садек Амин вели дека реакцијата на улиците на арапскиот свет ќе зависат од политичкото расположение на поединецот во однос на присуството на американските трупи во Ирак.

„Имате сили кои се против војната и кои ќе се радуваат на секој неуспех за стабилизирање на Ирак. Тие ќе бидат среќни кога некој Американец или Ирачанин ќе биде убиен. Тие сакаат да има дестабилизираност. Но секое лице кое навистина сака да се врати законот и редот и да се направи Ирак успешна земја денеска нема да биде среќно“, вели тој.

Според раководителот на одделот за политички науки на Либанско-американскиот Универзитет во Бејрут, Сами Бароуди, јавното расположение е веќе против Ирачкиот владеачки совет бидејќи е назначен од САД.

„Така, во некоја смисла, мислам дека луѓето би рекле дека ова е во основа некој вид казна за оние кои соработуваат. Но во исто време јас мислам дека луѓето се доволно рационални да сфатат дека ова само ќе додаде на хаосот во Ирак. И луѓето веќе почнуваат да гледаат дека иако има поддржувачи на отпорот против САД во исто време малкумина навистина посакуваат хаос во Ирак“, додава тој.

Има многу аналитичари во регионот кои веруваат дека со секој инцидент на тероризам во ирак, режимите на другите арапски држави стануваат се поранливи на слични насилнички акти. Раководителот на ал-Кудс Центарот за политички студии во Јордан, Ураиб ел-Рантави, е еден од нив.

„Многу од фундаменталистичките движења и терористички групи во нашите општества, посебно политичкото исламско движење, тие се охрабрени од она што таму се случува. И тоа ќе го охрабри фундаменталистичкото движење во рамки на нашето општество, политичкиот Ислам, Муслиманското Братство, и тие ќе го гренат гласот и своите барања. Тоа исто така ќе ги охрабри исламските терористички групи, истакнува тој.

Професорот за политички науки Валид Казиха од Американскиот Универзитет во каиро, се согласува. Тој вели дека нередите во Ирак ги загрижуваат другите арапски лидери за стабилноста на нивните сопствени режими.

„Мислам дека она што се случува во Ирак може да ги охрабри луѓето во регионот не само да испратат знаци на своето раководство туку и да упатуваат понекогаш успешни закани. Мислам дека најголем дел од Арапските лидери се сведоци на она што се случува и се исплашени од тоа што го гледаат“, вели г-динот Казиха.

Но господинот Казиха исто така вели дека насилството што продолжува во Ирак може да охрабри некои арапски лидери да преземат порешителни чекори против опозицијата. Тој вели дека тие може да заклучат дека штом САД не можат да донесат стабилност во Ирак на мирен начин, тие не мора да одговорат на повиците од Запад да воведат демократија во нивните држави.

XS
SM
MD
LG