Линкови за пристапност

На конгресмените им беа прикажани досега необјавени фотографии од малтретирањето на ирачките затвореници  - 2004-05-13


Американската влада ја разгледува можноста да ги објави во јавноста сите фотографии и видео снимки одземени од американските војници во Ирак на кои е прикажано малтретирање на ирачки затвореници. Американските законодавци погледнаа поголем дел од овој материјал додека водеа расправа за тоа дали истиот треба да биде обелоденет во јавноста.

Материјалот, ставен на комјутерски дискови и видео лентибеше доставен од Пентагон до Капитол Хил со цел членовите на Конгресот да го прегледаат, а потоа, неколку часа подоцна, беше вратен назад во Американскиот оддел за одбрана.

Многумина законодавци изјавија дека во материјалот што го прегледале имало погрозоморни прикази во споредба со малтретирањето и сексуалното злоставување прикажано на фотографиите објавени во медиумите пред неколку недели. Законодавците сепак не одеа во поединости за најновиот материјал.

Лидерот на сенатското мнозинство, Бил Фрист кој е републиканец од федераланата држава Тенеси, говореше во името на многумина.

„Откако го погледнавме материјалот, се чувствуваме вџашено, ужаснати сме - серија фотографии на кои е забележливо малтретирање“, рече тој.

Иако владата допрва треба да одлучи дали ќе го обелодени најновиот матријал, американските законодавци имаат поделени мислења по ова прашање.

Конгресменот Мајк Пенс, републиканец од федералната држава Индијана верува дека материјалот треба да се објави во јавноста, а на истото мислење е и сенаторот Бил Нелсон, инаку демократ од Флорида.

„Најдобро е за нас да го објавиме материјалот и да го оставиме зад нас, со што ќе бидеме во можност да ја оствариме поставената цел – да го стабилизираме Ирак, истакна сенаторот Нелсон.

Но, претседавачот со сенатската Комисија за вооружување, републиканскиот сенатор Џон Ворнер од Вирџинија, вели дека обелоденувањето на фотографиите на затворениците може да претставува прекршување на Женевската конвенција, која налага дека воените затвореници треба да бидат заштитени од навреди и љубопитност.

По објавувањето на видео-снимката на веб-страница поврзана со Ал-Каида, на која може да се види погубувањето на американски цивил во Ирак, сенаторот Ворнер изрази загриженост дека објавувањето на дополнителен број фотографии може да ја загрози безбедноста на другите Американци во Ирак или каде било во светот.

„Сметам дека тоа евентуално може да ги загрози припадниците на нашата армија, додека во услови на голем ризик, храбро ја извршуваат својата должност не само во Ирак и во Авганистан, туку и во останатите делови од светот“, рече г-динот Ворнер.

Сенаторот Ворнер кажа и дека обелоденувањето на најновите фотографии може и да претставува опасност за кривилниот процес против американскиот армиски персонал вмешан во малтретирањето.

Законодавците беа во можност да видат преку 1.000 фотографии, од кои повеќето изгледало дека не се поврзани со скандалот на малтретирање на ирачките затвореници.

Армискиот генерал Антонио Тагуба, кој е автор на првичниот извештај за случаите на малтретирање на затворениците, неделава пред сенаторите истакна дека верува оти фотографиите се дело на војници кои користеле лични дигитални фотографски апарати.

XS
SM
MD
LG