Линкови за пристапност

Воени експерти за последниот терористички чин во Ирак - 2004-05-12


Двајца експерти за тероризам зборуваа за Гласот на Америка за бруталното убиство на Ник Берг. Скот Силман е професор на Правниот факултет на Универзитетот Дјук во Северна Каролина и поранешен обвинител во воздухопловните сили. Господинот Силиман вели дека видео-снимката на убиството на господинот Берг покажува против каков вид терористи се борат американските сили.

“Ова ни покажува дека тоа е непријател кој не знае за граници, за закони, за воздржување и ние долго време го знаеме тоа. Ова не е прво отсекување на глава. Го видовме тоа претходно со трагичното убиство на новинарот Даниел Перл. Тоа го покажува видот на терористичката тактика со која се справуваме“, вели господинот Силман.

Истиот ден кога беше објавена видео-снимката, пред сенатската Комисија во Вашингтон сведочеше американски генерал за малтретирањето на ирачките затвореници од страна на американски војници. Генерал-мајорот Антонио Тагуба кажа дека тоа се должело на слабото раководство и немањето на дисциплина, обука и надзор.

Фотографиите на кои е покажано како американски војници ги понижуваат ирачките затвореници беа осудени од меѓународната заедница и имаше барања за оставка на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Но експертот за тероризам, Нил Ливингстон кажа дека гневот сега може да се намали заради најновиот терористички чин што беше прикажан на телевизија и на Интернет.

“Зад снимките и фотографиите на малтретирањето на затворениците од страна на Американци, тие навистина се откажале од улогата на супериорност и мислам дека тоа е тактичка грешка од нивна страна. Не смееја тоа да го прават. Морално е неприфатливо во секој случај, но факт е дека новиот терористички чин ќе ја намали вредноста на вестите за скандалот со малтретирањата во затворот“, смета господинот Ливингстон.

Нил Ливингстон е експрет за тероризам и директор на фирмата за обезбедување “Глобални опции“. Тој исто така е автор на неколку книги за тероризам.

XS
SM
MD
LG