Линкови за пристапност

Сослушување во Конгресот за Ирак - 2004-05-11


Армискиот генерал мајор Антонио Тагуба, кој е автор на извештајот во кој се опишуваат малтретирањата на затворениците во багдадскиот затвор Абу Граиб, пред сенатската Комисија за вооружени служби вчера изјави дека лошиот третман е резултат на лошото раководење:

„Лошото раководење, господа, од бригадниот командант па надолу, слабата дисциплина, немањето никаква обука и не постоење на супервизија. Супервизијата во огромна мерка била запоставена.“

Но сенаторот Карл Левин од Мичиген, највисок по ранг демократ во Комисијата, рече дека актите на злоставување не биле спонтани дела на персонал од понизок ранг. Во испрашувањето на г-динот Тагуба, г-динот Левин кажа дека се чини оти раководтсвото ги следело, па дури и давало сугестии и планирало вакви активности. Тој вели дека тоа е „повеќе од погрешно раководење.“ Тоа е активна улога на дел од раководството, вели господинот Левин, тоа не е само превид, запоставување или неумешност, туку намерна, посакувана решеност за употреба на овие техники, како дел од процесот на испрашување.

Генералот Тагуба рече дека бригадниот генерал Џенис Карпински од 800-та бригада на воената полиција треба да ја сноси одговорноста за лошото раководство.

Генерал Карпински е во армиските резервни сили и ја има командата за воените затвори во Ирак. Таа е суспендирана во врска со малтретирањата, но против неа не се покренати обвиненија.

Сепак, генералот Тагуба кажа дека не открил никакви наредби до американските војници да ги малтретираат затворениците.

Потсекретарот за одбрана задолжен за разузнавање, Стивен Камбон вели дека американските трупи во Ирак ги почитуваат наредбите кои се во согласност со Женевските конвенции, каде се содржани правила за човечко однесување на затворениците:

„Од почетокот на војната во Ирак, американската Влада беше јасна дека Женевските конвенциикои се однесуваат на активностите во таа земја“. Ова беше второ јавно сослушување од страна на Комисијата за вооружени служби за слоупотребите на затворениците. Фотографиите на американски војници како малтретираат затвореници поттикнаа меѓународни реакции на вџашеност и барања од демократите за оставка на секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд, кои беа отфрлени од републиканците и во Конгресот и во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG