Линкови за пристапност

најнови вести 5 мај 2004 - 2004-05-11


Ирачки затвореници

Сенаторот Карл Левин вели дека малтретирањата на затворениците во Багдад се „јасно планирани“, а не спонтани активности од страна на американски воен персонал со низок ранг.

Тој ова го изјава во текот на денешното сведочење во сенатската комисија за вооружени служби кое е фокусирано на малтретирањата врз ирачките затвореници кои се во американска надлежност. Сенаторот Левин изрази незадоволство што минатонеделниот распит не обезбедил доволно информации за тоа како се случиле овие малтретирања. Во моментов пред сенатската комисија сведочи генерал мајорот Антонио Тагуба кој водел истрага за малтретирањата во затворот Абу Граиб во багдад. Генералот Тагуба пред комисијата изјави дека имало проблеми во раководството кај армиските претставници кои се надлежни за затворот.

Нуклеарни активности на Северна Кореа

Преговарачите од шест земји во Пекинг работат на подготовките на работната средба чија цел е ставање крај на кризата во врска со нуклеарната програма на Северна Кореја.

Средбите започнуваат утре, а Кина е домаќин на делегатите од двете Кореи, Русија, Јапонија и САД. Пекинг ги предупредува сите страни да очекуваат умерени резултати, имајќи ги предвид претходните преговори. Кина ги форсира овие работни дискусии во надеж дека е можно постигнување на некков напредок пред третатта рунда разговори на високо ниво закажани за следниот месец. Северна Кореја не ја менува својата позиција и одбива да се откаже од своите програми за развој на нуклеарно оружје, без ветување на политички и економски бенефиции.

Ирак

Претставници на американската армија во Ирак соопштија дека во судирите во близина на јужниот град Куфа во текот на ноќта американските трупи убиле 13 милитанти лојални на радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр.

Во близина на Наџаф, демонстранти барале свештеникот и милитантите да го напуштат градот. Во меѓувреме, американски претставници изјавија дека неколку лица се водат за исчезнати откако нивниот конвој составен од 21 возило бил нападнат на автопатот меѓу Ирак и Јордан. Во Москва, рускиот министер за надворешни работи побара од сите Руси да го напуштат Ирак, по убиството на еден руски работник под договор и киднапирањето на двајца други доцна вчера јужно од Багдад.

Британија – Ирак

Британското Министерство за одбрана вети дека ќе спроведе истрага за обвинувањата за прекршување на човековите права на ирачките цивили од страна на британски војници.

Портпаролот на Министерството изјави дека властите веќе истражуваат некои од случаите наведени во извештајот на Амнести Интернешенал, додавајќи дека британската армија својата одговорност ја сфаќа сериозно. Во извештајот објавен утрово, британските војници се обвинуваат за непотребни убиства на ирачки цивили, меѓу кои и едно 8 годишно девојче во градот Кармат Али. Исто така се вели дека британските власти не повеле истрага за голем број вооружени инциденти, или дека истрагите кои биле спроведени биле строга тајна.

Израел - Палестинци

Шестмина израелски војници и најмалку шестмина Палестинци загинале во денешните целодневни борби во градот Газа.

Израелците кои се наоѓале во воено возило загинале во експлозија на бомба поставена покрај пат во една населба во Газа. Возилото било вклучено во операцијата, која според израелската армија е со цел откривање на фабрики за оружје. Во борбите со израелските сили загинале најмалку петмина Палестинци биле убиени, а околу 100 ранети. Еден Палестинец загинал во напад на израелски хеликоптер на едно возило во близина на местото каде што се водат битките. Хамас тврди дека го снимила уништувањето на израелското борбено возило и се заканува дека ќе ја емитува снимката на која се гледаат делови од телата на израелските војници.

Путин во Чеченија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети Чеченија, два дена по бомбашкиот напад во кој беше убиен претседателот Ахмед Кадиров, кој ја уживаше поддршката на Кремљ.

Претседателот Путин денеска во Грозни на семејството на убиениот претседател Кадиров му предал медал. Инфромацијата за патувањето на г-динот Путин во чеченија била објавена веднаш по неговото враќање во Москва. Рускиот лидер исто така доделил медали на 1.100 дополнителни трупи распоредени во Чеченија.Во експлозијата на бомба во неделата на стадионот каде г-динот Кадиров ја следел параладата по повод Денот на победата во Грозни, загинаа претседателот и уште пет други лица.

XS
SM
MD
LG