Линкови за пристапност

Состојбата со човековите права во Иран - 2004-05-10


Годишниот состанок на Комисијата на ОН за човекови права во Женева заврши без критика во однос на Иран. Молкот на Комисијата уследи по едногодишни исклучително големи злоупотреби од страна на исламскиот фундаменталистички режим во Техеран: претепување до смрт на канадско-иранскиот фоторепортер Захра Каземи додека била во притвор, дисквалификација на илјадници кандидати за изборите, затворање на независни весници и магазини, затворање на новинари, студенти и други реформисти, како и судски казни камшикување или смрт за дисидентите.

Во Иран со закон се негираат основните човекови права. Како што извести една од работните групи на Комисијата, иранскиот правен систем предвидува дека „доказот на еден маж е еднаков на доказите на две жени“, казните за гревови сторени „против теолошкиот закон“ се „смртна казна, распнување, каменување, отсекување на десната рака, а за повторени дела – отсекување на левото стапало и камшикување“. „Кривичната постапка во целост е сконцентрирана во рацете на една единствена личност, со тоа што судијата обвинува, води истрага и донесува пресуда во случајот“.

За разлика од Комисијата на ОН за човекови права, специјалниот известувач на ОН за слобода на мислење и изразување, Амбеји Лигабо, не молчеше во однос на злоупотребата на човековите права во Иран. Г-динот Лигабо објави извештај во кој ја опишува „атмосферата на страв што се спроведува со систематска репресија врз луѓето кои изразуваат критички ставови против политички и религиозни авторитети“. Тој вели дека суровоста на казните што ги изрекува владата води кон „самоцензура меѓу новинарите, интелектуалците, политичарите, студентите и целото население“. Во контекст на овие откритија, г-динот Лигабо препорачува Иран да го посетат специјалниот известувач на ОН за тортура, како и специјалниот известувач за независноста на судиите и адвокатите.

Претседателот Џорџ В. Буш вели дека и покрај ваквите злоупотреби, во Иран и натаму е жива желбата за слобода:

„Соочени со суровата репресија, Иранците храбро говорат за демократијата, за владеењето на правото и за човековите права“.

САД, вели г-динот Буш, енергично ги поддржуваат аспирациите на Иранците за слобода.

XS
SM
MD
LG