Линкови за пристапност

Анкета на Ирачаните за присуството на коалицијата во нивната земја - 2004-05-05


Според истражувањето на јавното мислење на телевизиската мрежа Си-Ен-Ен, весникот Ју-Ес-Еј Тудеј и Галуп, Ирачаните имаат различни мислења за присуството на коалицијата под американско раководство во нивната земја.

42 отсто од 3.400 Ирачани кои биле интервјуирани ширум земјата кажале дека Ирак е во подобра ситуација поради воената операција со која беше соборен режимот на Садам Хусеин, додека 39 проценти сметаат дека состојбата се влошила. 61 процент од испитаниците сметаат оти соборувањето на режимот на Садам Хусеин вредело и покрај тешкотиите што настанале по инвазијата на коалицијата под американско раководство. 28 проценти велат дека не вредело, додека девет проценти не се сигурни.

На прашањето кога би сакале коалиционите сили под амерканско раководство да заминат од земјата, 57 проценти од испитаниците одговориле веднаш, додека 36 проценти кажале дека треба да останат подолго. 47 проценти од испитаниците одговориле дека нема оправдување за нападите врз американските сили во Ирак, додека 52 проценти кажале дека ваквите непади би можеле да се оправдаат понекогаш или цело време. Но, 53 проценти изјавиле дека ќе се чуствуваат понебезбедно доколку коалицијата предводена од САД си замине веднаш, додека 28 проценти кажале дека ќе се чуствуваат побезбедно.

И покрај ваквите ставови и натамошното насилство во земјата, повеќе од половината испитаници, или 51 процент, велат дека на нивните семејства им е подобро отколку пред инвазијата, додека на 25 проценти им е полошо.

Претседателот Џорџ Буш вели дека САД и нивните коалициони партнери не сакаат бесконечно да го окупираат Ирак:

„Како горд, независен народ, Ирачаните не поддржуваат бесконечна окупација, а ни Америка не го поддржува тоа. Ние не сме империјалистичка сила, и за тоа можат да посведочат земји како што се Јапонија и Германија. Ние сме ослободителна сила, како што се потврдува во земјите во Европа и Азија. Американската цел во Ирак е временски ограничена и јасна. Сакаме независен, слободен и безбеден Ирак“, рече тој.

Од таа причина, вели престедателот Буш, коалицијата предводена од САД се залага на враќање на суверенитетот на Ирачаните на 30 јуни.

XS
SM
MD
LG