Линкови за пристапност

Ерели: Ќе се покаже дека САД многу сериозно се грижат за човековите права - 2004-05-05


ВОА:САД го обвинуваат Садам Хусеин дека вршел слични малтретирања за кои сега се обвинуваат американски војници дека ги вршеле врз ирачки затвореници. Дали тоа ќе предизвика нов гнев во време кога коалицијата се обидува да го стабилизира Ирак?

Ерели: Мислам дека ќе се покаже оти САД многу сериозно се грижат за човековите права. Да разјасниме што се случило. Мал број војници го прекршиле законот, не ги извршувале своите обврски како војници и како Американци. А тоа е ужасно. Немам зборови. На сите ни е мака од тоа. Но истовремено ние се залагаме под а) да откриеме што всушност се случило, под б) да ги казниме извршителите и под ц) целиот процес да биде транспарантен за сите во светот. Се работи за основен принцип дека никој не е над законот и дека против оние кои го кршат законот ќе биде спроведена истрага и ќе им се суди. Тоа е многу различен пристап кон малтретирањата во споредба со оној на режимот на Садам Хусеин. Не се извинувам за она што сме го сториле, не го бранам она што сме го сториле, туку велам дека кога било извршено малтретирање, тоа да се коригира.

ВОА: Како што е познато во светот владее гнев, особено на арапските улици, во врска со фотографиите на кои е прикажано како американски војници малтретираат и понижуваат ирачки затвореници. Многумина во арапскиот свет велат дека ова е уште еден пример како САД вршат притисок за спроведување на целите на својата надворешна политика на сметка на арапскиот свет. Како ги коментирате овие обвинувања?

Ерели:Мислам дека силата на Америка како држава, на домашен и меѓународен план, е дека политиката што ја промовираме е базирана на универзални вредности – вредноста на слободите, на слободата на сопствено изразување, слободата на верување, слободата да се трага по подобар живот и слободата на мислење. Тоа е една од главните причини зошто појдовме во Ирак, да помогнеме да се ослободи ирачкиот народ од режимот за кој сметавме дека немаше ништо од тоа. Наместо на тоа да се гледа како нешто што им го наметнуваме на луѓето, мислам дека тоа е нешто што го делиме со другите луѓе и се обидуваме да им помогнеме на другите да ги остварат своите амбиции, да ги остварат своите соништа, да постигнат подобар живот за своите граѓани. Ако не го сакаат тоа тогаш во ред. Ние никому не го наметнуваме нашиот систем. Им помагаме на другите земји да го подобрат животот на своите граѓани и светот да биде подобро место за живеење, а истовремено ги спречуваме земјите кои сакаат да употребат сила и насилство и заплашување за да ги наметнат своите системи на други луѓе.

XS
SM
MD
LG