Линкови за пристапност

Конгресмените бараат објаснување за мачењата на ирачките затвореници - 2004-05-04


Комисиите за воени служби на Сенатот и на Претставничкиот дом, во кои мнозинството се Републиканци, одржаа брифинзи зад затворени врати со претставници на армијата на кој се разговарало за наводното мачење на ирачки затвореници.

Главниот демократ во Сенатот, сенаторот Том Дешл од Јужна Дакота, побара секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд да ги брифира конгресмените за ова парашање. Тој говореше во Сенатот.

“Излегов на говорницата со голема загриженост по вестите, за настаните, за пораката што ја испраќаат, за огромното влијание што го имаат врз нашите напори да успееме во таа земја, за кршењето на човеквите права, за нашата ужасна неспособност да се објасни како тоа се случило“, изјави сенаторот Дешл.

Фотографиите што беа прикажани на телевизиските станици ширум светот на кои се покажани ирачки затвореници кои се очигледно сексуално понижени и психички малтретирани, предизвикаа гнев во муслиманскиот и арапскиот свет.

Републиканскиот сенатор Сузан Колинс од Мејн вели дека е загрижена оти сликите може да предизвикаат ново насилство против американските трупи во Ирак.

Во Белата куќа, портпаролот Скот Меклилан кажа дека претседателот Буш за ова разговарал со господинот Рамсфелд и дека наредил истрага.

XS
SM
MD
LG