Линкови за пристапност

Муслиманите во САД се жалат на дискирминација и вознемирувања - 2004-05-04


Авторот на извештајот, Мохамед Нимер, вели дека бројот на инциденти за малтретирање што биле пријавени во 2003-та е повеќе од илјада, во споредба со 600 претходната година.

“Инцидентите се од насилни напади врз луѓето, вклучувајќи убиства, физички напади или вандализам врз организации на заедниците, претежно врз џамии, до вербални напади или дикриминација на работно место, па се́ до лош третман во владините агенции, главно поврзано со примената на специјалното регистрирање - фотографирање и земање на отпечатоци од прсти за имигрантите од муслиманските држави“, вели господинот Нимер.

Извештаите за тепање и уништување на имот во сопственост на Муслимани минатата година се удвоиле. Но, студијата покажува намалување на малтретирањата на контролните пунктови на аеродромите.

Оваа група за граѓански права го следи статусот на правата на Муслиманите во САД од 1995 година.

Господинот Нимер смета дека причината за антимуслиманското расположение е стравот кај Американците по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон во 2001-вата. Тој вели дека војната во Ирак и насилството на екстремистите на Блискиот Исток исто така имаат свој удел.

“Војната во Ирак се наведува како причина во многу инциденти. Има многу поттикнување на омраза, особено на радио, во врска со војната во Ирак, исто како и толкувањето на настаните и инцидентите од оваа војна во смисла - САД против Исламот“, вели господинот Нимер.

Советот бара од Конгресот да истражи како безбедносната политика што се имплементира по терористичките напади во 2001 влијаела на граѓанските слободи и што може да се промени за подобра заштита на муслиманските заедници.

XS
SM
MD
LG