Линкови за пристапност

САД му ја честитаа победата на Црвенковски - 2004-05-04


Во синоќешното писмено соопштение на американскиот Стејт Департмент им се оддава признание и на граѓаните на Македноија кои, како што се наведува, ја потврдиле својата определба за демократија во тешките околности по загинувањето на претседателот Борис Трајковски.

Од новоизбраниот претседател на Македонија, САД очекуваат, цитираме, „да го продолжи патот на стабилност и напредок што го трасираше Трајковски преку истрајување на заложбата за јакнење на меѓуетничките односи и унапредување на интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури“.

Во соопштението на американската влада се вели дека САД го поттикнуваат господинот Црвенковски на својата нова функција да ги задржи како приоритети завршувањето на имплементацијата на Рамковниот договор, како и реформите за влегување на Македонија во ЕУ и НАТО.

XS
SM
MD
LG