Линкови за пристапност

ОБСЕ: Медиумите на Косово придонеле во поттикнување на неодамнешните насилства - 2004-04-22


Организацијата за безбедност и соработка во Европа го критикуваше, како што го нарече, неодговорното и сеназационалистичко известување на медиумите на Косово, додавајќи дека тоа придонело за неодамнешните насилства во регионот.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Миклош Харашти кој го презентираше извештајот од 17 станици, за новинарите изјави дека телевизиското покривање на насилството на Косово било еден од фактор што придонел за смртта на 19 лица минатиот месец.

„Трите заклучоци до кои дојдовме беа: немање објективност, потоа непостоење на професионалност до таа мерка што исчезнува плурализмот и, како трето утврдивме дека дури и моќните институции што требаше да остваруваат контра-баланск, јавните медиуми, во тие денови не ја исполнија функцијата да бидат објективни“, рече тој.

Извештајот особено посочува на новинарските произволни интерпретации за давењето на група деца – настан од кој започнаа насилствата. Според ОБСЕ, известувањето за несреќата не било поткрепено со валидни новинарски тврдења. Г-динот Харашти рече дека локалните медиуми смртта на децата ја опишале како брутално, злосторничко и етнички-мотивирано убиство. Тој исто така кажа дека медиумите покажале неоприфатливо ниво на емоции и погрешно внеле, како што рече, патриотска страст.

Групата за следење на медиумите на ОБСЕ заклучи дека без вакво неодговорно известување, настаните можеби ќе имале поинаков тек.

Г-динот Харашти побара целосна истрага за однесувањето на електронските медиуми на Косово, и на албански и на српски јазик, односно да се прегледаат и необјавените покрај објавените снимки.

XS
SM
MD
LG