Линкови за пристапност

Закани за напади врз амбасадите во Австралија, Јапонија, Кувајт, Пакистан, Филипините, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд - 2004-04-22


Неколку американски сојузници од Азија ја зајакнуваат безбедноста во своите амбасади и другите објекти, со тоа реагирајќи на заканите за напад врз земјите кои даваат поддршка на војната против тероризмот под американско раководство. Американски официјални лица исто така предупредуваат на можни терористички напади по водните патишта и финансиските центри.

Заканите дошле во писмо кое вчера пристигнало во Амбасадата на Јужна Кореја во Тајланд, а слична порака примила и пакистанската амбасада.

Портпаролот на тајландското Министерство за надворешни работи Сиасак Фуангкеткау изјави дека тајландската влада овие закани ги сфаќа сериозно.

„Се разбира дека ги сфаќаме сериозно. Имајќи ги предвид актуелните околности, мора да бидеме внимателни и нашата полиција веќе пружи дополнително обезбедување за овдешната севернокорејска амбасада“, рече тој.

Во писмото испратено до амабасадата на Северна Кореја се вели дека во периодот од 20 до 30 април, групата ќе бидат нападнати амбасади, авиони и важни места во Австралија, Јапонија, Кувајт, Пакистан, Филипините, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Јужнокорејски дипломат вели дека заканите доаѓаат од претходно непознатата Жолто-црвена прекуокеанска организација.

Сите земји споменати во писмото, освен Кувајт и Пакистан имаат свои војници во Ирак. Силите под американско раководство го користеа Кувајт како подготвителен терен за инвазија на Ирак, а Пакистан е главен сојузник во американската војна против милитантите на Ал-Каида во Авганистан.

Тајланд ја засилува безбедноста околу амбасадите и истражува кој го испратил писмото, на кое имало локален поштенски печат.

Претставници на американскиот Стејт Департмент упатија предупредување до регионот да биде внимателен во однос на терористички напади врз финансиски центри, како Хонг Конг и долж водните патишта, како што се Малајскиот и Сингапурскиот теснец.

Над една четвртина од светската трговија и половина од нафтата и најголем дел од течниот гас минува низ Малајскиот теснец, кој ги дели Индонезија, Сингапур и Малезија. По азиските водни патишта од неодамна веќе се забележува зголемен број на случаи на пиратство и вооружени грабежи и безбедносните аналитичари стравуваат оти е само прашање на време кога терористите ќе нападнат бродови.

XS
SM
MD
LG