Линкови за пристапност

Денеска се одбележува Денот на планетата Земја - 2004-04-21


Оценувајќи го напредокот на екологијата од одбележувањето на првиот ден на планетата Земја во 1970 година наваму, господинот Спет вели дека во некои области се направени крупни чекори напред, додека во други има застој.

“На локално ниво во светот, има огромен напредок во решавањето на еколошките проблеми. А тоа беа проблеми што го поттикнаа првиот ден на планетата Земја во 1970. Зборувам за загадувањето на водата и воздухот, за некои отровни хемикалии на локално ниво. Таму има голем напредок. Но глобално, она што го гледаме оттогаш е речиси е постојано пропаѓање. Тропските прашуми исчезнуваат по еден хектар во секунда. Продолжува испуштањето на отровни гасови во воздухот. Големите риби исчезнаа за 90 проценти. Состојбата со животната средина се влошува. Оттаму, ова не е особено весела порака за Денот на планетата“, смета господинот Спет.

Во 2001-та, администрацијата на Буш го отфрли договорот од Кјото за глобалното затоплување, велејќи дека може да и наштети на американската економија. Белата куќа исто така се противеше на одредбите во договорот со кои се дозволува испуштање на штетни гасови во земјите во развој.

Гас Спет вели дека денеска Европа е лидер во заштитата на животната средина.

“Тоа е голема трагедија, според мене. Тешко ми е да гледам дека мојата земја е принципиелна пречка, на пример за протоколот од Кјото и отпорот што го покажува во однос на примената на нов договор за отровните хемикалии. Но мораме да и дадеме високи оценки на Европа во моментов за многу работи – не за риболовор, каде што мислам дека Европејците уште грешат, но за други прашања. Тие навистина се лидери“, смета професорот Спет.

Во неговата книга господинот Спет опишува низа стратегии неопходни да се постигне здрава животна средина. Тој споменува контрола на населението и нови технологии како поскапување на производите така што фрлањето на нешто да биде вклучено во цената за која плаќа потрошувачот. Тој посветува цело поглавје на менување на навиките, или она што го нарекува “транзиција на културата и совеста“.

“Коренот на сите овие работи се многу лошите навики на фокусирање на мислите на конзумирање, а не на конзервирање, на фокусирање повеќе на сегашноста одошто на иднината, на фокусирање на нас, а не на целокупниот живот на планетата. Климатските промени, уништувањето на шумите, ширењето на пустините, осиромашување на рибниот фонд во океаните. Ширењето на хемикалиите и тн. Тоа нема да биде решено едноставно, со некое едноставно решение или со нешто друго. Обесхрабрувачкиот збир на проблеми создава обесхрабрувачка агенда. Но ризикот од непреземање на тие чекори е многу поголем отколку од тешкотиите што го следат реализирањето на тие иницијативи“, вели тој.

Насловот на книгата на Гас Спет се всушност стари морнарски стихови, “Црвено небо наутро, предупредување за морнарите“. Но ова предупредување за состојбата во која се наоѓа животната средина е млако. Британско списание “Економист“ го поддржува повикот од книгата за балансирање на потребите со заштитата на животната средина, но додава дека господинот Смит изнел полу-уверливи докази.

XS
SM
MD
LG