Линкови за пристапност

Џон Негропонте - нов американски амбасадор во Ирак - 2004-04-20


Џон Негропонте минал 37 години во дипломатските кругови и тоа на светски најклучните места.

Една од неговите први позиции беше во Виетнам. До 1968-та година тој му беше советник на тогашниот државен секретар Хенри Кисинџер за време на мировните преговори во Париз. Во раните 80-ти години тој беше американски амбасадор во Хондурас, во време кога Вашингтон беше длабоко инволвиран во запирање на вооружените операции во Централна Америка. Веднаш по оваа функција, г-динот Негропонте бил назначен за заменик на тогашниот советник за националана безбедност Колин Пауел, за време на претседателствувањето на Роналд Реган.

Од Белата куќа, тој ја презел амбасадорската функција, прво во Мексико, а потоа во Филипините.

Во 1977-та г-динот Негропонте се пензионирал и започнал да се занимава со приватен бизнис, но четири години подоцна, актуелниот државен секретар Колин Пауел го повика да се врати во дипломатскиот свет и на 18-ти септември 2001-та, по само една недела од терористичките напади врз САД, г-динот Негропонте стана новиот американски амбасадор во ОН.

На оваа функција тој беше две ипол години и се здоби со репутација за вешт дипломат во процесот на градење на консензус. Кога беше соопштено дека г-динот Негропонте ќе биде американски амбасадор во Ирак, неговиот германски колега во ОН, Гунтер Плеугер истакна дека тој е вистинската личност за, како што нарече, мошне тешката и опасна работа.

За време на мандатот во ОН, амбасадорот Негропонте беше можеби најмногу познат по неговото категорично отфрлање, доколку е потребно и со правото на вето, на нацрт-резулуциите спонзорирани од арапските земји со кои се критикуваше политиката на Израел.

Во она што стана негова доктрина, Негропонете го истакнуваше американскиот став дека во секоја резолуција за Блискиот Исток мора да се осуди палестинскиот тероризам, но и израелската агресија.

“Настаните мора да се земаат предвид во нивниот контекст и овој Совет за безбедност не прави ништо за да придонесе за мирно решение, во случаите кога ги осудува акциите на едната инволвирана страна, а во истовреме прогледува низ прсти на се што се случува во регионот“, вели господинот Негропонте.

Амбасадорот Негропонте на новата функција во Багдад ќе го замени американскиот цивилен администратор Пол Бремер. Со персонал од 3.000 вработени, се очекува амбсадата на САД во Ирак да биде најголемата амбасада во светот.

Во вчера издаденото соопштение во Њујорк, г-динот Негропонте истакна дека за време на мандатот во Ирак ќе се фокусира на соработката со ОН. Неговото искуство во соработката со генералниот секретар на ОН Кофи Анан и ирачкиот претставник во светската организација, Лакдар Брахими тој го нарече мошне корисна подготовка.

XS
SM
MD
LG