Линкови за пристапност

Останување на курсот во Ирак - 2004-04-19


Претседателот Буш вели дека американската цел во Ирак е, „ограничена и цврста“. „Се залагаме за независен, слободен и безбеден Ирак. САД ќе останат на курсот додека не ја остварат.“.

За неодамнешното насилство г-динот Буш рече дека е „резултат на напорот од страна на остатоците на режимот на Садам Хусеин, на исламските милитанти и на следбениците на радикалниот шиитски свештеник, Моктада Ал Садр, кои сакаат да ја протераат коалицијата под американско водство надвор од Ирак и да ја уништат аспирацијата на ирачкиот народ“.

„Насилството на кое бевме сведоци е обид за приграбување моќ од овие екстремни и брутални елементи. Ова не е граѓанска војна. Ова не е народен бунт. Поголемиот дел од Ирак е релативно стабилен. Досега, мнозинството од Ирачаните го отфрлаат насилството и се против диктатура. На форумите каде Ирачаните се состануваа за да дискутираат за нивната политичка иднина како и за време на сите активности на Ирачкиот владеачки совет, тие изразија јасна определба: дека се залагаат за заштита на индивидуалните права, и дека ја сакаат својата независност и слобода“, рече тој.

„Како горд и независен народ“, вели претседателот Буш, „Ирачаните не сакаат временски неопределена окупација, а таков е ставот и на Америка“. Затоа не се отстапува од планот за предавање на власта во рацете на ирачкиот народ. На 30-ти јуни, ќе стапи на сила транзициониот административен закон, со цврстата повелба за човековите права. Изборите за пратеници во националното собрание ќе се одржат во јануари 2005-та година. Тогаш избраните ќе подготват конечна верзија на Уставот која пред ирачаките гласачи ќе биде претставена во октомври 2005-та.

Претседателот Буш вели: „Ирак, или ќе биде мирољубива демократска земја, или повторно ќе стане извор на насилство, рај за терористи и закана за Америка и за светот“.

„Последиците од неуспех во Ирак би биле незамисливи. Со појавата на нова тиранија, секој пријател на Америка и на Ирак, ќе биде изложен на затворање и убиства. Секој непријател на Америка и на светот ќе ја величи нашата слабост и неуспех, користејќи ја таа победа за регрутирање нова генерација убијци“,додаде тој.

Претседателот Буш вели дека САД и нивните сојузници имаат средства и волја да победат во Ирак. „Ирак ќе биде слободна, независна држава и поради тоа Америка и Блискиот Исток ќе бидат побезбедни. Ние и служиме на каузата за слобода“, вели претседателот Буш, „а тоа е кауза на која секогаш и секаде вреди да се служи. “

XS
SM
MD
LG