Линкови за пристапност

Маерс: Потребно е засилување во Ирак - 2004-04-15


Началникот на Здружениот генералштаб, генералот Ричард Маерс рече дека, цитираме, има докази, оти сириски и ирански бунтовници ја минуваат границата со Ирак за да ја дестабилизираат ситуацијата.

Генералот, кој вчера пристигна во ненадејна посета на Ирак со цел да направи увид во битките што коалиционите сили ги водат против бунтивничките сили на муслиманите Шиити и Суни, на прес-конференција изјави дека многумина од бунтовниците се гневни поради успехот постигнат во насока на самостојно владеење во Ирак.

“Мислам дека токму тој успех е причина за актуелната ситуација, бидејќи тие екстремисти не сакаат таков успех. Тие на успехот гледаат како на манифестација на волјата и одлучноста на оние кoи веруваат во слободата и самостојното владеење, против оние кои сакаат режим каков што имаше во Авганистан, па дури можеби и онаков како што имаше претходно во Ирак. Мислам дека нивната фрустрација е резултат на ситуацијата на која и ние сме сведоци“. изјави генералот Маерс.

Светиот град Наџаф, каде наводно се наоѓа радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр, е опколен од околу 2.500 војници на коалиционите сили,. Американските сили ветија дека ќе го убијат или ќе го заробат поради тоа што поттикнува на насилство против коалицијата. Ирачки судија уште минатата година издаде налог за апсење на Ал Садр во врска со убиство на свештеник - соперник.

XS
SM
MD
LG