Линкови за пристапност

Палестинците бараат помош од Блер - 2004-04-15


Палестинските претставнци изразуваат, како што некои велат „огромно разочарување“ од новата политика на администрацијата на Буш во однос на израелските населби на Западниот брег.

Палестинскиот министер за надворешни работи Набил Шаат апелира до британскиот премиер Тони Блер да го промени мислењето на претседателот Буш по ова прашање за време на нивната средба во Вашингтон утре. Г-динот Шаат за Британското радио ги објасни своите позиции. “Многу би сакал да видам, г-динот Блер да и ја објасни на администрацијата на Буш залудноста на актуелната ситуација и опасноста што ја претставува, не само во однос на Израелците и Палестинците, туку и за целиот Блиски Исток, воопшто“, вели господинот Шаат.

Претседателот Буш вчера го поддржа планот на израелскиот премиер Ариел Шарон за целосно повлекување од Појасот Газа и од некои делови од Западниот брег, додека најмалку пет поголеми еврејски населби ќе останат. Палестинците сакаат целосно израелско повлекување од Западниот брег.

Пред апелот на г-динот Шаат, премиерот Блер веќе соопшти дека ја поздравува израелската одлука.

Г-динот Блер кажа дека потегот на Шарон, на меѓународната заедница и дава можност да ја оживее тнр. мапа за мир на Блискиот исток.

Поддржувачот на Блер во Парлемантот, Мајк Гејпс од лоби групата „Пријатели на Израел“ во рамките на Лабуристичката партија е уверен дека премиерот ги сфаќа мотивите на Израел.

“Напредокот кон мапата за мир е блокиран и таа блокада треба ја отстраниме или ја заобиколиме за повтроно да се вратиме на патот. И мислам дека ова унилатерално повлекување на Израел од Газа и некои делови на Западниот брег ги гледаме како чекор кон сеопфатен договор“, вели господинот Гејпс.

Британските политички набљудувачи велат дека поддршката од г-динот Блер на планот на Шарон се чини ќе го доведе во судир со пропалестинското крило во Лабуристичката партија, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Џек Строу, кој е еден од водечките застапници на палестинската кауза.

XS
SM
MD
LG