Линкови за пристапност

Европските лидери одбиваат преговори со Осама бин Ладен - 2004-04-15


Лицето на аудио снимката понудило мир за европските земји, но не и за САД.

Две арапски сателитски ТВ-станици велат дека гласот му припаѓа на Осама бин Ладен, кој вели дека ќе бидат запрени сите операции против европските земји во замена за нивното ветување да не ги напаѓаат муслиманските земји.

Наводната понуда била отфрлена од неколку европски лидери како невредна за разгледување. Британското Министерство за надворешни работи ја нарече цинична стратегија, а другите влади, вклучувајќи ги оние од ЕУ, на Шпанија и на Германија, велат дека нема да има преговори со терористите.

Лицето кое говори на ленатата вели и дека помирувањето со Европа ќе започне кога сите европски војници ќе ги напуштат исламските земји. Тој зборува и за тоа дека нема да има примирје со Америка.

Во пораката уште се најавува одмазда против САД за минатомесечното убиство на основачот на милитантната група Хамас, Шеикот Ахмед Јасин од страна на Израел. Снимката вели дека американската политика го игнорира „вистинскиот проблем“ што за лицето кое зборува е „окупацијата на Палестина“.

Автентичноста на аудио снимката не е потврдена. Последната лента за која исто така се велеше дека доаѓа од лидерот на Ал Каида, Осама бин Ладен, беше емитувана од истата телевизиска станица Ал Џезира, во јануари.

XS
SM
MD
LG