Линкови за пристапност

Спречен терористички напад во Будимпешта - 2004-04-13


Портпаролот на унгарската полиција Лајош Немет изјави дека денес биле уапсени најмалку три лица од арапско потекло, за кои тој рече дека планирале бомбашки напад во Будимпешта. Меѓутоа, тој не сакаше да ги потврди медиумските извештаи оти уапсените планирале напад врз израелскиот претседател Моше Кацав, кој се наоѓа во посета на Унгарија:

„Имаме неколку осомничени лица кои се подготвувале да предизвикаат експлозија во Унгарија. Но, не можам да кажам дали нивниот план бил против претседателот на Израел“, рече тој.

Во Унгарија, која е една од европските земји што ги поддржуваат операциите под американско раководство во Ирак, владее зголемена предострожност од терористички напади.

Портпаролот Немет кажа истрагата трае и дека с÷ уште е рано да се изведуваат заклучоци за намерите на осомничените или да се поврзуваат со некоја терористичка органзиација.

„Ги испитуваме луѓето и ги пребаруваме нивните домови. Собираме докази“, додаде г-динот Немет.

Израелскиот претседател се наоѓа во Унгарија во рамки на тридневна посета по повод отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот во Будимпешта.

XS
SM
MD
LG