Линкови за пристапност

Еф-Би-Ај регрутира  кадри од универзитетите - 2004-04-07


Агентите на Еф-Би-Ај на времето беа познати како Џи-мени, што е кратенка за владини луѓе, задолжени да гонат гангстери. Со текот на времето, мфоксуот на Еф-Би-Ај се промени, со тоа што агентите започнаа да гонат пософистицирани претстапници, вмешани во финансискиот криминал. Денешните агенти честопати минуваат специјализирана обука во нови области, вели специјалниот агент Ангела Вин од канцеларијата на Бирото во Лос Анѓелес, која е задолжена за регрутирање на нови агенти. Таа беше задолжена за штандот на Еф-Би-Ај на саемот за работни места што неодамна се одржа на Универзитетот Јужна Калифорнија.

“Се надеваме дека ќе го превлечеме вниманието на студентите, особено оние кои кои изучуваат комјутерски науки, инженерството, сметковдство, финансии, потоа биологија, хемија, судско вештачење, а секогаш ни се потребни и оние кои студираат јазици, особено студентите кои доаѓаат од Блискиот Исток, од Азија, како и оние од латино-американско потекло“, вели госпоѓа Вин.

Специјалниот агент Вин вели дека фокусот на Федералното Истражно Биро драматично се променил во 2001-та година по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон. Таа вели дека потенцијалните регрути, исто како и порано, ги привлекува едно нешто да се пријават за работа во Бирото - потрага по авантура.

Бирото на студентите им доставува интерактивни видео игри преку кои потенцијалните агенти ќе добијат претстава како да гонат одреден криминалец.

Работата во Еф-Би-Ај може да биде опасна и Бирото има свои барања. Студентите кои се пријавуваат мора да бидат американски државјани и со одлично здравје. Доколку бидат избрани, тие дополнително се проверуваат, а потоа минуваат 17 недели во центарот за обука во Квантико, Вирџинија. Специјалниот агент Ангела Вин вели дека подготвката е ригорозна.

“Тие ќе научат како да користат огнено оружје, одбрамбени тактики. Ќе имаат и доста училишни задачи како и практични вежби, одржување на нивната физичка кондиција и ова е едно од најважните барања“, вели таа.

Специјалниот агент Ангела Вин вели дека мандатот на Еф-Би-Ај по терористичките напади врз САД е -

“Да спечиме во земјава да се случат такви напади како оние од 11-ти септември и во моментов, што се однесува до нашата мисија, фокусирани сме на тероризмот, контратероризмот и контразузнавањето“, вели агентот Вин.

За оние на кои бараат авантура тука во Лос Анѓелес се врши и друг вид на регрутација. Полицијата во Лос Анѓелес има потреба од полицајци и лица задолжени за итни случаи. Ирис Санчез, која е задолжена за регрутацијата, вели дека работата е добро платена и може да биде и возбудлива.

XS
SM
MD
LG