Линкови за пристапност

Состојбата со човековите права во светот  - 2004-04-06


Годишниот состанок на Комсијата на ОН за човекови права се одржува во Женева. Една од суштинските карактеристики на овие состаноци, вели Ричард Вилијамсон, американскиот претставник во Комисијата, е да се именуваат и да се засрамат прекршителите на човековите права. “Гледаме примери, повторно и повторно“, вели тој, “на бавен напредок кај земјите кои беа предмет на оваа Комисија“.

Амбасадорот Вилијамсон наведе многу земји каде што се кршат човековите права. На Куба, вели тој, состојбата со човековите права “драматично се влошила“.

„Во март 2003-та, 75 дисиденти беа осудени на затворски казни до 20 години затоа што се обиделе да ги применат нивните основни права. На Куба продолжува дискриминацијата. Судството не е независно. Има репресија. Нема слобода на печатот или на изразувањето. Покрај тоа, во затворите е обичај да владеат нехуманите услови“.

На Блискиот Исток, вели амбасадорот Вилијамсон, “се влошило однесувањето на владата во однос на човековите права. Сириската влада и натаму врши сериозни прекршоци. Во Саудиска Арабија се уште нема слобода на верско изразување. Во Египет, владата воведе некои потенцијално значајни реформи во 2003-тата, меѓутоа потребно е натамошно подобрување“.

Во Источна Азија, Бурманската влада врши големи злоупотреби на човековите права. А Северна Кореја, вели амбасадорот Вилијамсон, “и натаму е еден од најнехуманите режими во светот“. Што се однесува до Кина, тој вели, “2003-та ја почнавме со надеж дека напредокот од 2002-та ќе продолжи“.

„За жал, видовме назадување кај клучните прашања за човековите права. Однесувањето на кинеската Влада на Тибет и натаму е лошо“.

Другите земји кои Комисијата на ОН ги посочува како прекршители на човековите права се Зимбабве, Демократската Република Конго, Судан, Русија, Белорусија, Туркменистан и Узбекистан“. Ако не зборуваме за тоа“, вели амбасадорот Вилијамсон, “тогаш навистина ќе се предадеме како што ќе ги предадеме и луѓето кои страдаат“.

XS
SM
MD
LG