Линкови за пристапност

Велигденска порака од Ерусалим - 2004-04-05


Надбискупот Сабах, кој е највисок свештеник во Светата земја, вели дека христијанските верници имаат Имаат клучна улога во помагањето да се промовира мир на Блискиот Исток.

Тој на прес-конференцијата во неговите канцеларии во Стариот град во Ерусалим, што е опколен со ѕидини, кажа дека христијаните не смее да бидат одвратени од палестинско-израелското насилство што трае три години и во кое загинаа над три илјади лица.

Тој рече дека присуството на аџии на Светата земја може да помогне во запирање на крвопролевањето.

“Затоа што аџијата со тоа што доаѓа само да се моли на светите места, на сите им носи порака. На Евреите, на Муслиманите, на Христијаните, дека тоа се свети места. Затоа присуството на аџиите е начин, чекор кон помирување. Затоа мора да доаѓаат, мора да не се плашат“, кажа надбискупот.

Во неговото обраќање надбискупот Сабах исто така го повтори повикот Израел да запре со градењето на безбедносната ограда во и околу Западниот брег. Израел вели дека овој проект е неопходен за да се запрат палестинските терористички напади.

Но надбискупот Сабах кажа дека оградата само ќе донесе повеќе несигурност затоа што ќе се зголеми духовната поделеност меѓу Израелците и Палестинците.

Надбискупот Сабах додаде дека и покрај конфликтот меѓу Израел и Палестинците, тој никогаш нема да се откаже од надежта дека мирот ќе дојде во Светата земја. Тој рече дека верува оти еден ден, израелските и палестинските лидери ќе бидат поттикнати да склучат мир или тоа ќе бидат некои нови лидери, кои ќе имаат храброст да овозможат помирување.

XS
SM
MD
LG