Линкови за пристапност

Американска воена акција против шиитските бунтовници во Ирак - 2004-04-05


Очевидци велат дека хеликоптери апачи отвориле оган врз личната паравојска на радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр, еден ден по избувнувањето на борбите меѓу насилните шиитски демонстранти и коалиционите сили.

Новите судири избувнаа откако поддржувачите на шиитското свештенство зазедоа една владина зграда. Вчера, гласниот критичар на американската окупација на Ирак ги повика своите следбеници да запрат со демонстрациите и тероризирањето на непријателот.

Американскиот администратот во Ирак Пол Бремер, овој свештеник го нарече нелегитимен, истакнувајќи дека неговиот повик за насилство ги надминал сите граници.

“Тој повика на напади врз ирачките сили и врз колаицијата“, кажа господинот Бремер.

Еден поддржувач на 30-годишниот свештеник Моктада ал -Садр ја прочита неговата порака во една џамија во близина на Наџаф, во која тој вели дека е горд што е нелегитимен, бидејќи според него, тоа значи дека е против законот на американската тиранија.

Во меѓувреме, во јужниот град Басра продолжуваат демонстрациите на Шиитите.

Тие повикуваат на ослободување на главниот помошник на ал Садр кој бил уапсен во саботата заради вмешаност во убиството на еден ривалски шиитски свештеник минатата година.

Во меѓувреме, американските трупи го опколиле градот Фалуџа, упориште на Суните муслимани, каде минатата недела беа убиени четворица американски цивилни работници под договор.

Припадник на американските маринци вели дека американските и ирачките сили треба да започнат поширока операција, наречена Внимателна одлучност, но не даде други детали.

XS
SM
MD
LG