Линкови за пристапност

Буш подготвен за сведочењата за периодот пред терористичките напади на 11 септември - 2004-04-05


Се очекува Кондолиза Рајс да ги демантира обвинувањата од поранешниот шеф за анти-тероризам, дека администрацијата на Буш пред 11 септември посветувала многу малку внимание на заканите од тероризам.

Претседателскиот советник за национална безбедност стана центар на политичките обвинувања за тоа кој е виновен за нападите. Претседателот Буш долго време се спротивставуваше на повиците г-ѓицата Рајс јавно да одговори на овие прашања пред комисијата. Но минатата недела тој попушти под двопартискиот притисок од Конгресот и се согласи да и дозволи да сведочи под заклетва. Сега, вели г-динот Буш тој со нетрпение го очекува сведочењето, за да се разјаснат работите.

“Таа тоа ќе го стори одлично. Таа е многу умна, способна личност која точно знае што се случило и ќе ги изложи фактите. И токму во тоа се состои работата на комисијата, и токму тоа американскиот народ сака да го види. Очекувам народот да го слупне тоа од неа“, изјави господинот Буш.

Говорејќи пред новинарите во Северна Каролина, г-динот Буш исто така рече дека е подготвен и за личната средба со сите членови на Комисијата за настаните од 11 септември, заедно со потпретседателот Дик Чејни.

Некои од демократските опоненти на Администрацијата велат дека пред нападите, претседателот бил премногу фокусиран на државите спонзори на тероризмот, а недоволно заинтересиран за терористичките групи како Ал каида.

Претседателот Буш кажа дека неговата администрација сите закани ги сметала за сериозни, и доколку можела ќе сторела се за спречување на нападите од 11 септември.

“Доколку имавме информации потребни за запирање на нападите, тоа ќе го сторев. И убеден сум дека тоа ќе го стореше и секоја друга влада. Не се сомневајте во тоа. Доколку знаевме дека непријателот ќе ги урне авионите во зградите, ќе сторевме се што е во наша моќ за да го запреме тоа“, изјави американскиот претседател.

По нападите од 11 септември, претседателот Буш вели дека ризиците по САД се промениле, така што имал малку време на располагање за да одлучи да започне војна против Ал Каида и нејзините сојузници во талебанското раководство во Аваганистан.

Националната безбедност е централна тема во кампањата на претседателот за реизбор. Тоа е една од областите каде според истражувањата на јавното мислење, претседателот Буш е во предност пред демократскиот противкандидат Џон Кери.

XS
SM
MD
LG