Линкови за пристапност

Мајкл Џексон почнува кампања за борба против СИДА-та во Африка - 2004-04-01


Поп ѕвездата Мајкл Џекосн во Вашингтон разговараше за неговите заложби во борбата против СИДА-та во Африка.

Мајкл Џексон се сретна со членовите на Конгресот од афро-американско потекло на разговори за борбата против СИДА.

Тој на законодавците им кажа дека планира кон крајот на годинава да ја посети Африка. Конгресменката Шила Џексон-Ли, Демократ од Тексас, зборуваше пред новинарите додека до неа стоеше Џексон.

„Гласот на господинот Џексон ќе може да се употреби во кампањата за претпазливост, што е наменета за спречување на ХИВ вирусот и СИДА-та, глас кој ќе се шири и ќе подучува за различни апсекти на заштита од ХИВ и СИДА“, рече таа. Но гласот на Џексон едвај можеше да се слушне на прес-конференцијата. Облечен во светкаво црвена боја, накитена кошула и црни панталони, Џексон не даде изјава, ниту пак одговараше на прашања на новинарите. Само можеше да се слушне како се шегува со конгресмените за аплаузот за неговите планови да оди во Африка.

„Не беше доволно гласно!“, порача тој.

Џексон го очекува судење за наводна злоупотреба на дете на неговиот ранч Неверленд во Калифорнија, но тој ги отфрла тие обвиненија.

Конгресменката Џексон Ли вели дека африканската турнеја на поп-ѕвездата ќе зависи од неговите законски обврски.

Мајкл Џексон сакал да се сретне со сите 38 конгресмени Афро-Американци, но лидерите го одбиле, велејќи дека се зафатени.

Но на Капитол Хил имаше многу африкански амбасадори кои сакаа да се сретнат со него, меѓу кои амбасадорот на Свазиленд во САД, Мери Маѕанѕа Каниа. Таа рече оти се надева дека вклучувањето на Џексон во борбата против СИДА-та ќе поттикне и други да помогнат.

„Зборуваме за СИДА со години и години и ништо не произлезе од тоа. Многу сме одушевени, многу се надеваме дека денешните разговори ќе вродат со плод“, рече таа.

За време на престојот во Вашингтон, на Џексон му беше доделена хуманитарна награда од Здружението на сопругите на африканските амбасадори.

XS
SM
MD
LG