Пролетната холивудска сезона започнува со четири нови филмски премиери во САД : со филм на Дизни за фарма на која животните зборуваат, потоа љубовна приказна за една американска студентка и европски принц, нова верзија на рурална драма за борба за правда инспирирана од филмски хит од пред 25 години и авантуристички филм работен според стрип.
Супер-тајна владина агенција вработува ликови со необични способности, а тие може да доаѓаат и од друга планета. Нивната задача е да ја ослободат Земјата од чудовишта, демони и други зли суштества кои се закануваат дека ќе ја преземат. "Пеколното момче" е адаптација на стрипот Dark Horse во режија на Гилермо де Торо, кој по потекло е од Мексико.
„Мислам дека има аспект на супер-херојство во "HELLBOY; но она што ми се допаѓа кај ликот и што се обидувам да го направам во филмовите е да биде погрешлив како во стриповите. Тој не е совршен и мислам дека има хуманост што ми се допаѓа кај овој супер-херој“.
Рон Перлман минувал по четири часа на шминкерска столица за да биде нашминкан во црвена боја со рогови и опашка за да го игра ѓаволскиот лик на "Пеколното момче:"
„Одредени работи се случуваат кога на крајот на четиричасовниот процес имате шминка на себе и палто и оние секси кожни панталони, и колан на кој се наредени сите справи што ги користи за да ги победи чудовиштата и да ги натера да се предадат. Тој е арогантен, но исто така е момче што јаде пица, што пие пиво, што пуши цигари сака да ги гледа филмовите со браќата Маркс“.
Во "HELLBOY" играат и Џон Харт и Селма Блер.
Приказната за шерифот Бафорд Пасер, кој бил претепан, избоден и застрелан, но преживеал и се борел против локалните мафијаши, е тема на филмот "WALKING TALL" од 70-те години. Во новата верзија игра борачот кој стана актер "The Rock“.
Ме привлекуваат вакви улоги. Секогаш се анвраќам на филмови кои имаат афинитет од тоа време како "WALKING TALL, што прв пат го гледав кога имав осум години, или на филмовите со Чарлс Бронсон, Стив Меквин или мојот омилен актер Клинт Иствуд. Во овие филмови лошите момци ја добиваат заслужената казна на оној стар начин на делење на правдата.
Во "WALKING TALL" играат уште и Нил Мекдоноу, Џони Ноксвил и Ешли Скот.
Во филмот “Принцот и јас“ Џулија Стајлс игра многу сериозна студентка, определена да го искористи своето време на факултет.
Но кога еден дански принц плејбој тајно се појавува и и го одзема виманието и тие се вљубуваат:
„Она што ми се допаѓа во овој филм се моментите на фантазија, но се започнува од перспектива на мојот лик, кој во реалноста е многу постабилен. Само ми се допадна идејата на девојка која е против приказните кога ќе се најде во оваа приказна за Пепелашка, но таа се противи и открива дека можеби приказните не се баш такви, но дека се уште има шанси да се видат накит и фустани“.
Англискиот актер Лук Мебли го игра младиот принц во филмот “Принцот и јас“ во режија на Марта Кулиџ.
Ова е гласот на комичарката Розен Бар за големата и херојска крава во авантурата да се спаси една фарма во најновиот цртан филм на Дизни "HOME ON THE RANGE:" или “Куќа на дострел“.
„Тоа се многу духовни животни. Многу луѓе на Земјата мислат дека се свети. На некој начин тие се ако ги погледнете и јас бев. Тоа е дел од мојот одмор во Ајова, прошетка на големо поле со мојот моторцикл и гледање во кравите. Бев многу среќна да портретирам крава. Сакам крави. Тие се прекрасни“.
Во филмот "HOME ON THE RANGE" исто така се појавуваат гласовите на Џуди Денч, Џенифер Тили и Ренди Квејд, а песните ги пеат меѓу другите и Бони Рет, Тим Мегроу, Бо Систерс и К.Д. Ланг.