Линкови за пристапност

Брус Џексон: Присуството на Македонија, Хрватска и Албанија на церемонијата во Белата куќа е важен сигнал на убеденост во Вашингтон и Брисел за севкупниот курс и развој на овие земји - 2004-03-30


За тоа какво е значењето на церемонијата во Белата куќа за земјите потписнички на Јадранската повелба, Македонија, Албанија и Хрватска, изјава побаравме од Брус Џексон, претседател на Проектот на транзициони демократии, како и раководител на американската Комисија за НАТО, непрофитна натпартиска организација формирана да промовира проширување на НАТО.

„Фактот што од земјите од Јадранската повелба, Македонија, Хрватска и Албанија, беа поканети денеска да им се придружат на седумте земји кои ќе станат членки на НАТО, е важен сигнал на убеденост во Вашингтон и Брисел, за севкупниот курс и развој на овие земји, особено Македонија“, вели господинот Џексон. „Навидум се чини дека она што може да се прочита меѓу редови е дека Алијансата се однесува како целосно да очекува овие три земји да се приклучат на НАТО во следната рунда на донесување одлука за проширување, што не очекуваме да се случи за до две до три години, значи до 2006-та, изјави Џексон. „Тоа под услов тие да останат на курсот на внатрешните реформи, антикорупциската кампања, успехот во имлементирање на договори како Охридскиот и борбата против организираниот криминал“. Претседателот на американската Комисија за НАТО истакна и дека пред овие земји и натаму има предизвици, но, како што кажа, „ова претставува потврда за кредибилитетот што Скопје, Загреб и Приштина го имаат постигнато во изминатите три до четири години. Тоа е значењето на нивното присуство во Белата куќа“.

XS
SM
MD
LG