Линкови за пристапност

Црвенковски:  Присуството на Македонија суштина, а не само симболика - 2004-03-30


Господине Црвенковски, какво е значењето на присуството на Македонија на денешниот настан во Белата куќа? Колку за контекст, претседателскиот кандидат на најголемата опозициона партија во Македонија смета дека се работи само за церемонијален чин?

- Сакам да потсетам дека при минатото проширување на НАТО, кога беа примени Чешка, Полска, Унгарија, токму земјите кои денес стануваат полноправни членки, исто така беа поканети во својство на гости, како што денес се поканети Македонија, Албанија и Хрватска. Не е случаен изборот – и со самата покана за присуство, меѓутоа, уште повеќе и со пораките што имавме прилика да ги слушнеме денес, и од претседателот Буш, и од државниот секретар Пауел, на сите средби. Сосема е јасно дека навистина, САД, меѓутоа и НАТО алијансата во целина, е подготвена на овие три земји, како прво - да им помогне, второ - да им даде фер шанса и трето – да ги прими во полноправно членство. Оттука, нашето присуство е навистина значајно и би рекол дека тоа не е само симболика, туку е суштина.

Дали стана збор за конкретна поддршка и за конкретни рокови за време на средбата со претседателот Буш?

- Конкретната поддршка веќе ја имаме подолг временски период наназад, секоја година - соработката со поедините земји-членки на Алијансата, и посебно со САД, тоа не е спорно. Јас можам да кажам дека нашите очекувања се дека веќе во текот на 2006-та година ќе ја добиеме поканата за членство и се надевам дека во 2007-ма година, заедно со другите две земји од Јадранската повелба, ќе станеме полноправни членки на Алијансата.

XS
SM
MD
LG