Линкови за пристапност

Насилствата на Косово - 2004-03-25


Неодамна на Косово имаше сериозно насилство, во кое загинаа околу 28 лица, а повеќе од 600 беа повредени. Илјадници српски домови и десетина цркви беа уништени. Во Србија, насилните демонстранти опожарија две џамии пред полицијата да го врати редот.

Борбите кои беа најжестоки од 1999-та, наваму се случија по вооружен напад врз едно српско момче во Чаглавица на 15-ти март и смртта на трите албански момчиња кои се удавија во реката Ибар наредниот ден. Според гласините, Србите се обвинувани дека ги бркале момчиња до реката. Истрагата ја води мисијата на ОН на Косово.

Портпаролт на американскиот Стејт департмент, Адам Ерели ги повика косовските политички лидери да апелираат за воздржаност во редовите на своите приврзаници. Сите инволвирани страни, вели тој, имаат одговорност да стават крај на насилството како начин за решавање на политичките спорови.

Уште од самиот почеток, КФОР, меѓународните сили под водство на НАТО, одговорни за безбедноста на Косово, вложуваа напори за нормализирање на ситуацијата. Преку 3.000 војници од САД и други земји-членки на НАТО им се придружија на речиси 18.000 трупи кои веќе беа на теренот, за да обезбедат дека насиството е спречено.

Во изминативе неколку дена, официјални лица од Приштина и Белград повикаа на враќање на мирот во покраината. Во тек е истрага за апсење на одговорните за немирите, а неколкумина се веќе уапсени. Косовските лидери ветија помош во повторната изградба на објектите уништени за време на насилствата. Мурсел Ибрахими од собранието во Митровица вели – Иднината на Косово им останува на оние кои простуваат, а не на оние кои мразат.

Дојде времето за народот од Косово внимателно да размисли каква иднина сака, дали за таква исполнета со омраза и насилство или за иднина која ги прифаќа модерните европски стандарди и води кон интеграција со остатокот на Европа.

XS
SM
MD
LG