Линкови за пристапност

vesti-24 - 2004-03-24


Израел-Палестинци

Комисијата за човекови права на ОН го осуди израелското убиство на духовниот лидер на Хамас Шеикот Ахмед Јасин.

Резолуцијата беше донесена со 31 глас “за“, два против и 18 воздржани. САД и Австралија гласаа против резолуцијата. Во Сирија, политичкиот водач на Хамас, Калед Масал, изјави дека организацијата размислува да го нападне израелскиот премиер Ариел Шарон за да се одмазди за убиството на Шеикот Јасин. Господинот Масал кажа дека одлуката треба да ја донесе военото крило на Хамас. А на коннтролен пункт на Западниот брег, израелската армија соопшти дека уапсила едно палестинско момче кое носело појас со експлозив и имал намера да го активира.

Корупција

Британската хуманитарна организација Global Witness вели дека начинот на работа на меѓународните нафтени, гасни и рударски компании им помага на владините функционери во некои од најсиромашните земји во светот да заработат милијарди долари од јавните фондови.

Во извештајот на оваа организација се истакнува дека милтинационалните компании поттикнуваат корупција со тоа што одбиваат да објават колку им плаќаат на владините претставници. Исто така се наведува дека ваквата такност им овозможува на функционерите да присвојуваат од приходите кои би можеле да им помогнат на земјите да ја ублажат сиромаштијата. Извештајот се фокусира на корупцијата во пет земји, од кои три се во регионот на суб-сахарска Африка.

Иран-Нуклеарна програма

Раководителот на нуклеарната агенција на ОН кажа дека планира да го посети Иран во почетокот на идниот месец за да ја истакне повторно потребата Исламската Република целосно да соработува во истрагата за нејзината нуклеарна програма.

Мохамед Ел Барадеј по разговорите со египетскиот претседател Хосни Мубарак денеска во Каиро, кажа дека треба уште да се стори во однос на иранската нуклеарна програма. Инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија во сабота треба да се вратат во Иран. Оваа посета иранската влада ја одложи пред неколку недели. Господинот Ел Барадеј не кажа точен датум за неговата посета на Техеран.

Русија – Косово

Русија го осуди она што го нарече етничко чистење на оние кои не се Албанци на Косово и побара мерки за запирање на насилството по судирите меѓу Србите и етничките Албанци.

Во денешното соопштение на министерството за надворешни работи се обвинуваат мировниците на НАТО дека не успеале да спречат „средновековен варваризам“ во провинцијата, со што се вели дека останува како отворена рана на Балканот. Руски воени авиони денеска делат помош на Косово. Руските власти велат дека ќе постават шатори како помош на повредените и оние што останале без домови во насилствата. Рускиот министер за цивилна одбрана, Сергеј Шогу денеска во Белград разговара за помошта.

Кипар

Министрите за надворешни работи на Грција и Турција им се придружија на претставниците на двете заедници на Кипар на разговорите за решавање на спорот за овој остров.

Разговорите се одржуваат во швајцарското одморалиште Бургенсток. Специјалниот пратеник на ОН за Кипар, Алваро де Сото, постојано се среќава со грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливиатис и неговиот турски колега, Абдула Ѓул, како и со делегациите на грчката и турската заедница на Кипар. Со планот на ОН се бара формирање на држави на грчките Турци и Грци, поврзани со лабава централна влада. ОН бараат поделбата на островот да биде решена пред Кипар да влезе во ЕУ на 1-ви мај.

Франција – Детонирана бомба

Француската полиција соопшти дека пронашла и демонтирала бомба закопана под железничката линија што ги поврзува Париз и швајцарскиот град Базел.

Министерството за внатрешни работи вели дека експлозивната направа била составена од нитратно гориво, неколку детонатори и направа за темпирање. Никој не ја презел одговорноста за поставување на бомбата. Според полицијата изминатиот месец биле примени повеќе закани за поставување на експлозивни направи во објектите на француската железница.

XS
SM
MD
LG