Линкови за пристапност

ЕУ подготвува нови мерки против тероризмот - 2004-03-18


Извршната комисија на ЕУ предложи неколку мерки, регистер на осудениците, дата на податоци за осомничените терористи, подобрување на начините за влегување во трага на линиите за набавка на екплозиви и оружје и подобро споделување на податоци меѓу разузнавачките агенции, се со цел да се подобри соработката во војната против теророт. Ова се дел од темите за кои ќе се разговара на денешната средба.

Во исто време, Комисијата ги критикуваше владите на државите-членки за бавно имплементирање на мерките за кои веќе постои согласност по терористичките напади во САД од 11 септември 2001.

Комесарот за правда и домашни прашања на ЕУ Антонио Виторино ги поттикна државите да го користат подобро Европол, заедничка полициска агенција на ЕУ, и Евроџаст, што беа воспоставени токму со цел да се подобри соработката.

Даниел Грос, директор на Центарот за европски политички студии во Брисел, вели дека минатонеделните бомбашки напади во Шпанија донесоа чувство на итност во тој процес на соработка.

“Бомбашките напади го нагласуваат процесот што веќе е започнат, и безбедносните сили низ цела Европа, полицијата, обвинителите, и судиите, почнуваат многу повеќе да соработуваат. Тоа е долг процес од околу десетина години, но сега е кренат на повисоко ниво по овие настани“, вели господинот Грос.

Некои европски набљудувачи велат дека ЕУ го користи денешниот состанок како значаен собир што ќе покаже единство наспроти тероризмот.

Борбата против тероризмот, секако ќе биде клучна тема на агендата на самитот на ЕУ што ќе се одржи следната недела.

XS
SM
MD
LG