Линкови за пристапност

НАТО испрати засилување на Косово - 2004-03-18


Северноатлантскиот совет, главното тело на НАТО за донесување на одлуки, го осуди насилството и ги повика лидерите во регионот да преземат конкретни мерки за враќање на мирот. НАТО соопшти дека испраќањето на засилување ќе ја покаже решеноста на Алијансата да пружи безбедност за сите жители на Косово, без разлика на етничката припадност.

Медиумските извештаи наведуваат дека судири меѓу Албанците и Србите имало во неколку града, каде насилството од улични тепачки преминало во нереди, па дури и во вооружени борби. Во судирите биле повредени десетици припадници на специјалната полиција на ОН и некои мировници на НАТО.

Новите 300 војници на НАТО ќе се придодатат на постојните 1.800 мировници на Алијансата кои се наоѓаат на Косово.

XS
SM
MD
LG