Линкови за пристапност

Кандидатот за премиер на Шпанија Хозе Луиз Запатеро најави заложба за повлекување на 1.300-те шпански војници од Ирак  - 2004-03-15


Господинот Запатеро вели дека шпанските трупи ќе го напуштат Ирак до 30-ти јуни, доколку ОН не одобрат нов мандат за нивното пристуство.

Противењето на шпанската поддршка на војната во Ирак беше една од клучните поенти на кампањата на господинот Запатеро. Според истражувањата на јавното мислење, огромно мнозинство Шпанци се против улогата на нивната Влада во коалицијата, но тие исто така индицираат дека тоа не е пресуден фактор на изборите. Се очекуваше партијата на премиерот Хозе Мариа Азнар да извојува победа.

Но тоа се промени по бомбашките напади во Мадрид во четвртокот во кои загинаа над 200 лица, а околу 1.500 се повредени. Многумина од гласачите наводно сметаат дека нападите, за кои сега се обвинува терористичката мрежа Ал Каида, се резултат на поддршката на Шпанија во војната. Некои исто така биле гневни што Владата првично ја обвини баскиската терористичка група ЕТА и продолжи со тоа и по првичните сознанија за вмешаноста на Ал Каида.

Социјалистичката работничка партија на господинот Запатеро на вчерашните избори освои нешто повеќе од 42 проценти од гласовите. Социјалистите ќе имаат 164 места во Парламентот од вкупно 350, и од мнозинство ги делат само 12 места. Владејачката Народна партија освои 38 проценти од гласовите, и 148 места во парламентот, за разлика од сегашните 183. Останатите 38 места во Парламентот ги освоија помали партии, една или неколку од нив се очекува да им се приклучи на Социјалистите во коалиционата влада.

На вчерашните избори излегле околу 77 проценти од над 35-те милиони шпански гласачи, меѓу кои некои и од повредените во минатонеделните бомбашки напади.

XS
SM
MD
LG