Линкови за пристапност

ОН и ОБСЕ апелираат за засилена борба против тероризмот - 2004-03-12


Официјални лица од ОН и Организацијата за безбедност и соработка во Европа денеска ги завршија дводневните средби со определба да ги зголемат заедничките напори во борбата против тероризмот, по масакрот во Мадрид.

Шпанскиот амбасадор во ОН Иносенцио Ариас кој преседава со Комисијата за контра-тероризам при Советот за безбедност, денеска изјави дека постојат ограничувања за она што може да се направи во борбата против терористичките групи.

“Дури и со голема меѓународна соработка, никогаш не можете да бидете сигурни дека нема да постои тероризам, бидејќи терористите се обидуваат да извршат напади во текот на целата година. Може да ги спречите во обидите да направат нешто 49 пати, но 50-от пат, тие ќе успеат“, кажа господинот Ариас.

Сепак, вели амбасадорот Ариас, има чекори кои можат да се преземат за да се ослаби терористичката база.

“Доколку терористите не најдат засолниште во други земји, доколку терористие се испорачани, доколку терористите не можат да вршат перење на пари, можноста, тие да дејстуваат станува не една десетинка, туку една стотинка“, рече господинот Ариас.

Амбасародот на Шпанија во ОН вели и дека меѓународните организации соработуваат за да избегнат меѓусебно преклопување и за да ја подобрат размената на информациите, со цел, поефикано да се спречат терористичките заговори.

На дводневните средби во Виена, учесниците побараа владите да ја засилат безбедноста на аеродромите и пасошката контрола.

XS
SM
MD
LG