Линкови за пристапност

Нови осуди за терористичките напади во Мадрид - 2004-03-12


Лидерите од арапскиот регион испраќаат пораки на сочуство до шпанскиот крал Хуан Карлос.

Остра осуда на нападите и изрази на шокираност и тага упатија египетскиот претседател Хосни Мубарак, Генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса, лидерот на Либија, Моамер Гадафи, сирискиот претседател Башар Ал-Асад, јорданскиот крал Абдула и премиерот на Либан, Рафик Харири.

Господинот Харири повика на драстични мерки за ставање крај на таквите терористички акти. Во телефонскиот разговор со шпанскиот крал, претседателот Мубарак ги осуди сите форми на насилство и тероризам, а лидерот на Сирија, Ал Асад изрази голема болка за, како што рече, криминалните и терористичките акти.

Вчерашните терористистички напади во Шпанија се главна вест во арапскиот печат. Некои весници трагедијата ја нарекоа - шпански 11-ти септември, споредувајќи ја со терористичките напади во САД пред две и пол години.

Гласот на Америка контактираше експерти по прашања за тероризмот, но никој од нив не сакаше да шпекулира за тоа кој би можел да стои зад инцидентот, велејќи дека и натаму има недоволно деталји за да се претпостави идентитетот на сторителот.

Како дополнение, шпанските власти денеска рекоа дека остануваат отворени сите аспекти на истрагата.

XS
SM
MD
LG