Линкови за пристапност

Американскиот Сенат бара построга контрола на употребата на стероиди во спортот - 2004-03-11


Комисијата за трговија на американскиот Сенат побара построга регулатива за лековите со кои се зајакнуваат резултатите во спортот. Сенатската Комисија бара да се стори повеќе за намалување на употребата на лекови во аматерските и професионалните спротови, особено во главната лига на бејзболот.

На вчерашното заседание во Вашингтон, претседавачот на Комсијата за трговија, Џон Мекејн од Аризона кажа дека употребата на лекови во спортот е штетна за учесниците и ја намалува довербата на љубителите на спортот.

„Неуспехот да се инсистира на строго тестирање на лекови нанесува штета на интегритетот на игрите,, го доведува во прашање легитимитетот на рекордите што ги поставуваат оние кои користат лекови за зајакнување на изведбата и го доведуваат во опасност здравјето на спортистите. Но најзагрижувачки е примерот што го даваат професионалните и аматерските спортисти во очите на децата кои ги идеализираат и ги обожуваат“, рече тој.

Комисијата за трговија го разгледува законот што го предложи сенаторот од Делавер, Џозеф Бајден со која би се забранила продажбата без рецепт на андростендион, супстанца слична на стероид што ја употребил бејзбол играчот Марк Мекгвир кога го соборил рекородот на Роџер Марис во 1988 година.

Сенаторот Бајден вели дека со лековите што ги користат спортистите, особено играчите на бејзбол, се испраќа погрешна порака до американските деца и до земјите во светот.

„Бејзболот е национална забава. Но тоа е место каде што се чуваат вредностите на оваа земја. Тоа е на крајот лидерство, САД. Тоа е нешто едноставно американско. Тоа се однесува на вредностите, тоа е нашата култура, за она како што самите се опишуваме“, смета сенаторот Бајден.

Комесарот на Главната бејзбол лига, Бад Селиг, комесарот на Националната фудбалска лига, Пол Телиабу и првиот човек на Националното здружение на играчи на фудбал, Џин Апшоу, говореа пред Комисијата. Но прашањата главно беа резервирани за првиот човек на Здружението на играчите на бејзбол од Главната лига, Доналд Фер. Господинот Фер кажа дека тие преземаат чекори за борба против употребата на стероиди, вклучувајќи и тестирање за натпреварите. Меѓутоа неколку сенатори велат дека овие мерки не се доволни.

XS
SM
MD
LG