Линкови за пристапност

Апел на претседателот Путин до рускиот народ да излезе на гласање - 2004-03-11


Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Русите в недела да излезат на гласање на претседателските избори, на кои тој очекува победа со големо мнозинство. Вчерашниот апел на претседателот јае одраз на неговата загриженост од недоволен одѕив на гласачите со што изборите нема да бидат важечки.

Претседателот Путин рече дека гласањето на Русите им дава уникатна шанса да влијаат врз настаните во нивната земја и ги повика да не бидат рамнодушни во однос на учеството на претседателските избори в недела.

Претседателот Путин во апелот вели дека само со поддршка од народот, претседателот може да го спроведе курсот иден економски развој на земјата и да работи на унапредување на животниот стандард на населението.

Тој кажа дека непосредните избори се едно до главните достигнувања на демократијата и на нив не треба да се гледа рамнодушно.

Претседателот Путин се смета за фаворит на изборите, на кои учествуваат петмина противкандидати, кои успејаа да обезбедат само едноцифрена поддршка од руските гласачи.

Единствено неизвесно е дали 50 проценти од гласачите во Русија ќе гласаат в недела, со цел изборите да бидат важечки.

Руски изборни претставници напорно работата за поттикнување на јавниот интерес, со поставување на огромни паноа и видео екрани низ рускиот главен град.

Освен на изборот на претседател, гласачите во десет региони ширум Русија ќе ги избираат и локалните власти. Во мнозинството региони се очекува мала промена во власта, која во најголем дел е лојална на Партијата обединета Русија блиска до Кремљ.

XS
SM
MD
LG