Линкови за пристапност

Бомбашки напади во Шпанија-најмалку 186 загинати - 2004-03-11


Околу осум часот наутро во возовите преполни со патници во и близу главната станица во Мадрид, Аточа, се случија експлозии. Според министерот за внатрешни работи Ангел Асебес, кој набрзо по експлозиите се појави на станицата, во возовите биле поставени четири бомби што експлодирале на растојание од пет до шест минути.

Болниците на југ на Мадрид беа преполни со стотици повредени, а на многумина им беше пружена прва помош и трансфузија со крв на улиците во близина на местото на експлозиите.

Шпанската полиција ја опколи областа околу станицата Аточа и изведе контролирана експлозија на автомобил паркиран во близина на железничката станица.

Властите ја обвинија баскиската терористичка организација ЕТА, која изврши слични напади неколку дена пред последните општи избори. Но, за разлика од претходните напади, овој пат немало предупредување. Политичките партии ја запреа кампањата за парламентарните избори што треба да се одржат во недела.

XS
SM
MD
LG